Чудото Во Атомот

< <
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 


ПОГЛАВЈЕ 1
ФОРМАЦИСКАТА АВАНТУРА НА АТОМОТ

Универзумот, чии пространи димензии ги турка границите на човековото разбирање, функционира без пропуст, почивајќи врз чувствителни рамнотежи во рамките на голем ред и тоа го прави уште од првиот момент на неговата формација. Како овој огромен универзум настанал, каде води тоа и како функционираат законите кои го оддржуваат редот и рамнотежата во него, отсекогаш биле интересни работи за луѓето од сите возрасти, и сèуште се. Научниците правеле безбројни истражувања во овие области и излегле со различни аргументи и теории. За научниците кои го мереле редот и дизајнот во универзумот со користење на нивниот разум и совест, не е тешко да се објасни оваа совршеност. Ова е затоа што Алах, Сèмоќниот, Кој владее со целиот универзум го создал овој совршен дизајн и очигледно и јасно е за сите луѓе кои можат да размислуваат и резонираат. Алах ја искажува оваа очигледна вистина во стиховите на Кур' анот:

Во создавањето на небесата и Земјата и во промената на денот и ноќта за надарените со разум, навистина има знаменија. (Сура Али Имран: 190)

Оние научници кои го игнорираат доказот за креацијата, имаат тешкотија во одговарањето на овие никогаш незавршени прашања. Тие не се двоумат да се засолнат во демагогија, лажни теории без никаква научна база и ако се притеснети, дури и лаги за да ги бранат теориите кои се спротивни од реалноста. Сепак, сите развои кои се случиле во науката, до скоро, до самиот почеток на 21виот век, нè водат кон единствен факт: Универзумот е создаден од ништо од Алах, Кој поседува огромна моќ и бескрајна мудрост.

Создавањето на Универзумот

Со векови, луѓето барале одговор на прашањето: „Kако настанал универзумот“. Илјадници модели на универзумот се прикажани и илјадници теории биле направени низ историјата. Сепак, прегледот на овие теории открива дека сите тие имаат еден или два различни модела во нивната срж. Првиот модел е концептот за бесконечен универзум без почеток, што повеќе нема научна база. Вториот е дека универзумот е создаден од ништо, што е сега признато од научната јавност како „стандарден модел“.

Првиот модел кој се покажал дека не е издржан, го бранел мислењето дека универзумот постоел за бесконечно време и ќе постои бесконечно со неговата моментална состојба. Оваа идеа за бесконечен универзум била развиена во античка Грција, и се протегнала низ западниот свет како продукт на материјалистичката философија која била оживеана во Ренесансата. Во сржта на Ренесансата лежи пре-испитување на делата од старогрчките мислители. Така, материјалистичката философија и концептот за бесконечен универзум бранета од оваа философија биле симнати од прашливите полици на историјата од философски и идеолошки грижи и биле претставени на луѓето како научни факти.

Материјалистите како Карл Маркс (Karl Marx) и Фридрих Енгелс (Friedrich Engels) жестоко ја прифатиле оваа идеа, која подготвувала очигледно цврста основа за нивните материјалистички идеологии, со тоа играјќи значајна улога во воведувањето на овој модел до 20-тиот век.

Според овој модел за “бескраен универзум“ што бил популарен во првата половина од 20-тиот век, универзумот немал ниту почеток ниту крај. Универзумот не бил создаден од ништо, ниту пак некогаш би бил уништен. Според оваа теорија, која исто така ги поставила основите на материјалистичката философија, универзумот имал статичка структура. Сепак, подоцнежните научни наоди откриле дека оваа теорија е сосема погрешна и не-научна. Универзумот не постоел без почеток; тој имал почеток и бил создаден од ништо.

Сер Фред Хојл

Идеата дека универзумот е бесконечен, т.е. дека немал почеток, одсекогаш била почетна точка за не-религиозноста и идеологиите кои ја прават грешката што го порекнуваат Алах. Ова е бидејќи според нив, ако универзумот немал почеток, тогаш не би имал ниту создател. Сепак, науката, наскоро утврдила со убедливи докази дека овие аргументи на материјалистите се невалидни и дека универзумот започнал од експлозијата наречена Голема експлозија (the Big Bang). Создаден од ништо тоа го имало единственото значење: „Креација“. Алах, Сèмоќниот го создал целокупниот универзум.

Реномираниот Британски астроном Сер Фред Хојл (Sir Fred Hoyle) бил меѓу оние кои биле разбеснети од овој факт. Со неговата теорија за „постојаната-состојба“, Хојл прифатил дека универзумот се ширел и го побил фактот дека универзумот бил бесконечен во големина и без почеток и крај. Според овој модел, како што универзитетот се ширел, материјата потекнувала спонатно и во кванитет онолку голем колку што требало. Оваа теорија која се базира на сосема неработни премиси, и напреднала со единствената грижа за подржувањето на идејата за „бесконечен универзум без почеток или крај“ била директна спротивност на Big Bang – теоријата, што била научно докажана, поблиску до голем број на обсервации. Хојл и другите продолжиле да се спротиставуваат на ова, но научниот напредок работел против нив.

Ширењето (експанзијата) на универзумот и Големата експлозија (the Big Bang)

Универзумот започнал со постоење од ништо со Големата експлозија.
Постоечкиот перфектен систем од универзумот постои заради распрснувањето на сите честички и сили што биле формирани во голема хармонија и ред од првиот момент на оваа Голема експлозија.

Во 20тиот век биле направени големи чекори во полето на астрономијата. Прво, рускиот физичар Александар Фридман (Alexandre Friedmann) во 1922 година, открил дека универзумот нема статичка структура. Почнувајќи од Теоријата за релативитетот на Ајнштајн (Einstein), Фридман пресметал дека дури и мал импулс би можел да предизвика проширување (експанзија) или стеснување (констрикција) на универзумот. Жорж Леметр (George Lemaître), еден од најпознатите астрономи од Белгија, бил првиот кој ја признал важноста на ова пресметување. Овие пресметки го навеле да заклучи дека универзумот имал почеток, и дека тој постојано се ширел уште од почетокот. Има уште една важна работа, која ја покренал Леметр: според него, би требало да има оставено радиjационен вишок од Големата експлозија и дека ова би можело да се најде.

Леметр бил убеден дека неговите објаснувања биле точни иако не наишле на голема поддршка во научната јавност. За тоа време, почнале да се трупаат понатамошни докази за дека универзумот се шири. Тогаш, набљудувајќи одреден број на ѕвезди преку неговиот голем телескоп, американскиот астроном Едвин Хабл (Edwin Hubble) открил дека ѕвездите испуштаат (емитираат) црвена светлина зависно од нивните растојанија. Со ова откритие, што тој го направил во Калифорниската Обсерваторија на Планината Вилсон (Mount Wilson), Хабл ги предзвикал сите научници кои ја истакнале и бранеле теоријата за постојаната состојба и ги потресол самите основи на моделот за универзумот прифатен дотогаш.

Жорж Леметр

Наодите на Хабл зависеле на физичкото правило дека спектарот на светлина зрачи, патувајќи кон точката на опсервација, виолетова светлина, додека спектарот на светлина кој се оддалечува од точката на опсервација зрачи тонови на црвената боја. Ова покажало дека небесните тела опсервирани од Калифорниската Обсерваторија на Планината Вилсон се оттргнувале од земјата. Понатамошните опсервации откриле дека ѕвездите и галаксиите не бегале само од нас; туку бегале и од секој друг. Ова движење на небесните тела уште еднаш докажало дека универзумот се шири. Во Универзумот на Стивен Хокинг (Stephen Hawkins' s Universe) Дејвид Филкин (David Filkin) се занимава со интересна страна за овие напредоци:

...За време од две години, Леметр ги слушнал вестите за кои застрашено се надевал. Хабл опсервирал дека светлината од галаксијата била тонови на црвената боја, па, според Доплеровиот (Doppler) ефект, ова мора да значи дека универзумот се шири. Сега, било само прашање на време. Ајнштајн бил заинтересиран за работата на Хабл, што предизвикало негова посета на Обсерваторијата на Планината Вилсон. Леметр се договорил да оддржи предавање на Калифорнискиот Институт за Технологија (California Institute of Technology) во истото време и успеал да ги постави Ајнштајн и Хабл еден до друг. Се расправал за неговата теорија за „древниот атом“ многу внимателно, чекор по чекор, предлагајќи мислење дека целиот универзум бил креиран на „ден што немал вчера“. Со голема мака тој ги работел сите пресметки. Кога завршил, не можел да им поверува на своите уши. Ајнштајн станал и прогласил дека она што го слушнал била „најубавото и најзадоволителното објаснување што сум го слушнал“ и продолжил со објаснувањето дека создавајќи ја „космолошката константа“ било „најголемата заблуда“ во неговиот живот1.


Edwin Hubble

Анализата на светлината на двете ѕвезди на Алфа Центаури со време покажала низа промени во нивниот спектар. Начинот на промената на црвени и сини тонови открила слика на две ѕвезди кои прават орбити околу другата на секои 80 години.

Вистината која го натерала Ајнштајн, кој се смета за еден од најважните научници во историјата, да скокне на нозе, бил фактот дека универзумот има почеток.

Алберт Ајнштајн за време на посетата на Обсерваторијата Вилсон, каде Едвин Хабл ги правел неговите опсервации.

Според Доплеровиот ефект, ако галаксијата остане на константна оддалеченост, спектарот на светлина ќе се појави на „стандардна“ позиција (горе). Ако галаксијата се оддалечува од нас, брановите ќе изгледаат истенчени и ќе видиме тонови на црвена боја. (средина) Ако галаксијата се движи кон нас, брановите ќе изгледаат како смачкани и ќе видиме тонови на сина боја (долу).

Понатамошните опсервации за ширењето на универзумот отвориле пат за нови дискусии. Почнувајќи од оваа точка, научниците завршиле со модел на универзумот кој станувал помал како што се движи назад во времето, евентуално контрактирајќи и конвергирајќи се во единствена точка, како што дискутирал Леметр. Заклучокот кој треба да се извлече од овој модел е дека во некој момент од времето, сèта материја во универзумот била стеснета во единствена точка – маса која имала „ волумен-нула “ заради огромната гравитациона сила. Нашиот универзум настанал како резултат на експлозијата на оваа точка – маса што имала волумен-нула и оваа експлозија била наречена „Голема експлозија“ (the Big Bang).

Големата експлозија укажала и на друга работа. Да се каже дека нешто има волумен-нула е исто како да се каже дека тоа е „ништо“. Целиот универзум бил создаден од ова „ништо“. Понатаму овој универзум има почеток, спротивно на гледањето на материјализмот, што тврди дека „универзумот постоел отсекогаш.

Големата експлозија со доказ

Џорџ Гемоу

Откако бил утврден фактот дека универзумот почнал да се формира од една голема експлозија, астрофизичарите дале понатамошно проширување во нивните истражување.

Според Џорџ Гемоу (George Gamow), доколку универзумот бил формиран во ненадејна, катаклизмична експлозија, требало да се има дефинирано количество на радијационен остаток од таа експлозија што би требало подеднакво да се распредели низ универзумот.

Во годините кои следувале на оваа хипотеза, како и научните наоди ја потврдувале Големата експлозија.

Големата антена налик на труба во Бел Лабораториите каде Арно Пензиас и Роберт Вилсон ја откриле космичката радијација во позадина. Пензиас и Вилсон биле наградени со Нобеловата Награда за ова откритие во 1978.

Во 1965 година, двајца истражувачи по име Арно Пензијас и Роберт Вилсон тврделе постоење на форма на радијација незабележана дотогаш. Таа била наречена „космичка радијација во позадина“, и таа не била како ништо што доаѓало од друго место во универзумот, заради тоа што била неверојатно униформна. Таа ниту била локализирана, ниту имала дефинитивен извор; напротив, таа била дистрибуирана подеднакво насекаде. Скоро било сфатено дека оваа радијација е остатокот од Големата експлозија, сèуште вибрирајќи уште од првите моменти на таа голема експлозија. Гемоу се насочил на фрекфенцијата на радијацијата која била со приближно иста вредност како што очекувале научниците. Пензијас и Вилсон биле наградени со Нобеловата Награда за нивното откритие.

Џорџ Смут

Му требале само осум минути за Џорџ Смут (George Smoot) и неговиот тим на НАСА за да ги потврдат слоевите на радијацијата пријавени од Пензиас и Вилсон, благодарејќи на вселенскиот сателит СОВЕ. Чувствителните сензори на површината на сателитот ја заслужиле новата победа на теоријата за Големата експлозија. СОВЕ фатил доказни остатоци од Големата експлозија и научната јавност била приморана да го признае тоа.

Другиот доказ биле релативните количини на водород и хелиум во универзумот. Пресметките откриле дека пропорцијата на гасовите водород-хелиум во универзумот, е во согласност со теоретските калкулации на она што требало да остане по Големата експлозија.

Лансирањето на СОВЕ сателитот понатаму утврдило дека универзумот бил формиран како резултат на голема експлозија

Откритието на сигурни докази предизвикале да теоријата за Големата експлозија да го добие потполното прифаќање во научниот свет. Во еден напис во весникот Научен Американец (Scientific American) во октомври 1994 година, стои дека „моделот на Големата експлозија бил единствениот признаен модел на 20тиот век.“

Признанијата доаѓале едно по друго од имиња кои го бранеле „бесконечниот универзум“ со години. Бранејќи ја теоријата за постојаната состојба по Фред Хојл со години, Денис Скијама (Dennis Sciama) ја опишал конечната позиција до која стигнале по сите откриени докази за Големата експлозија:

Во тоа време постоеше, на некој начин, жолчна дебата помеѓу некои од предлагачите на теоријата за постојаната состојба и набљудувачи кои ја тестирале, и, сметам, се надевале дека ќе ја порекнат. Играв многу мала улога во тоа време, заради тоа што бев поддржувач на теоријата, не во смисла дека верував дека е вистинита, туку дека ја сметав како поатрактивна и сакав да биде вистинита. Кога непријателските опсервациски докази дојдоа, Фред Хојл завзема водечко место за да го види овој доказ, и играв многу мала улога на страна, исто така давајќи сугестии за тоа како да се одговори на непријателските докази. Но како доказите се трупаа, стана сè повеќе и повеќе јасно дека играта заврши и дека требаше да се напушти теоријата за постојаната состојба2.

Алах го Создаде Универзумот од Ништо

Со богати докази откриени од науката, тезата за „бесконечен универзум“ била фрлена на буништето на историјата на научните идеи. Сепак, доаѓале поважни прашања: што постоело пред Големата експлозија? Која сила би можела да ја предизвика Големата експлозија што резулирала во универзум кој порано не постоел?

Постои единствен одговор кој може да се даде на прашањето, што постоело пред Големата експлозија: Алах, Сèмоќниот и Сèможниот, Кој ја создаде земјата и небото во голем ред. Многу научници може да не го потврдуваат овој факт на научната сцена, но сепак ги издава нивното признание помеѓу редови. Реномираниот атеистички философ Ентони Флу (Antony Flew) вели:

Ноторно, исповедта е добра за душата. Затоа ќе признаам дека Стратоницискиот атеист треба да се засрами од моменталниот космолошки консензус. Се чини дека космологистите даваат научен доказ за кој се борел Св. Тома, кој не може да се докаже философски; имено, дека универзумот имал почеток. Сè додека универзумот може да се смета дека е не само без крај, туку и почеток, лесно е да се претпостави дека неговата гола егзистеницја, и која било најосновна особина, треба да се прифати како објаснувачки ултиматум. Иако сметам дека останува да биде точно, сèкако не е ниту лесно ниту удобно да се задржи таа позиција во ликот на прикаската за Големата Експлозија3.

Некои научници како британскиот материјалистички физичар Х. П. Липсон (Н. Р. Lipson) признава дека мораат да ја прифатат теоријата за Големата експлозија без разлика дали тие го сакаат тоа или не:

Ако тогаш живата материја не е предизвикана од взаемното дејство на атомите, природните сили и радијацијата, како тогаш била создадена?... Сепак, мислам дека мораме ... да признаеме дека единственото прифатливо објаснување е создавањето. Знам дека тоа е анатема за физичарите, како е и навистина за мене, но не смееме да негираме дека не сакаме експерименталниот доказ да го подржи тоа.4

Да заклучиме, науката укажува на единствена реалност било да материјалистичките научници го сакале тоа или не. Материјата и времето биле создадени од Создателот, Кој е Сèмоќен и Кој го создал небото, земјата и сè што е помеѓу нив: Сèмоќниот Алах.

Алах е Оној кој создаде седум небеса и исто толку земји. Он ја спушта наредбата меѓу нив за да знаете дека Алах, навистина е Кадар за сè! Да, Алах со знаењето Свое опфаќа сè! (Сура ет-Талак: 12)


   
    

1. David Filkin, Stephen Hawking’s Universe: The Cosmos Explained, Basic Books, October 1998, pp. 85-86
2. Stephen Hawking’s A Brief History of Time A Reader’s Companion (Edited by Stephen Hawking; prepared by Gene Stone), New York, Bantham Books, 1982, p. 62-63
3. Henry Margenau, Roy Abraham Vargesse, Cosmos, Bios, Theos, La Salla IL: Open Court Publishing. 1992, p. 241
4. H. P. Lipson, “A Physicist Looks at Evolution”, Physics Bulletin, vol. 138, 1980, p. 138

You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top