Чудото Во Атомот

< <
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 



Знаците во Кур' анот

Освен тоа што го објаснил универзумот, моделот на Големата експлозија има уште една важност. Како што цитатот од Ентони Флу, цитиран погоре, истакнува, науката докажала тврдење кое предходно било подкрепено само од религиозни извори.

Вистината која се брани од религиозните извори е реалноста на создавањето од ништо. Ова е објавено во светите книги кои служеле како водичи за човештвото со стотици години. Во сите Свети Книги како што се Стариот Завет, Новиот Завет и Кур' анот е објавено дека универзумот и сè што е во него биле создадени од ништо од страна на Алах.

Во единствената книга објавена од Алах која преживеала сосема недопрена, Кур' анот, постојат изјави за созданието на универзумот од ништо како и, на кој начин ова се остварило, што е предложено од идеите на 20тиот век иако биле откриени пред четиринаесет века.

Најпрво, креацијата на универзумот од ништо е откриена во Кур' анот на следниот начин:

Создател на небесата и на Земјата!...(Сура ел-Ен' ам: 101)

Друга важна работа, откриена во Кур' анот пред четиринаесет века, пред модерното откривање на Големата експлозија и наодите поврзани за тоа, е дека кога бил креиран, универзумот опфаќал многу мал волумен:

Не гледаат ли оние кои не веруваат дека и небесата и Земјата беа, навистина една целина па Ние ја раздвоивме. И сè живо Ние од вода го создадовме. Не веруваат ли?(Сура ел-Енбија' : 30)

Постои многу важен избор на зборови во оригиналниот арапски текст чиј превод е даден погоре. Зборот ратк, преведен како „целина“ значи „помешан еден во друг, слеан“ во арапските речници. Се користи да се означат две различни супстанци што чинат целина. Фразата „Ги раздвоивме“ е глаголот фатака на арапски и укажува на тоа дека нешто се создава од одделување или уништување на структурата на ратк. ' Ртењето на семето од почвата е една од дејностите на кој се употребува овој глагол.

Да го погледнеме овој стих уште еднаш имајќи го во предвид ова знаење. Во овој стих, небото и земјата се првиот подмет во состојбата на ратк. Тие се разделени (фатака) со тоа што едниот излегол од другиот. Чудно, космологистите зборуваат за „космичко јајце“ што е создадено од материјата во универзумот пред Големата експлозија. Со други зборови, целото небо и земја биле вклучени во ова јајце во состојбата ратк. Ова космичко јајце експлодирало насилно со што ја принудило материјата на фатака и во тој процес ја создала структурата на целиот универзум.

Друго нешто во Кур' анот што може да се сфати како експанзија на универзумот, што е откриено во доцните 1920-ти години. Откритието на Хабл за црвените тонови во спектарот на ѕвездената светлина е откриено во Кур' анот како:

И небото Ние го подигнавме со моќта Наша, сигурно! И што уште можеме да направиме!(Сура ез-Заријат: 47)

Накратко, наодите на модерната наука сè повеќе посочуваат кон вистината која е откриена во Кур' анот што не ја поддржува материјалистичката догма. Материјалистите може да го тврдат сèто ова дека е „случајност“, но фактот дека универзумот е создаден како резултат на чин на создание од страна на Алах е многу јасен. Единственото вистинско знаење за потеклото на универзумот се наоѓа во зборот на Алах, како што е откриен.

Создавањето на Материјата Момент по Момент

Како што теоријата на Големата Експлозија уште еднаш покажала, Алах го создаде Универзумот од ништо. Оваа голема експлозија вклучува многу фини нијанси и детали, кои нè поттикнуваат на размислување и овие работи ги прават неподобни за коинциденција.

Температурата во секој момент на експлозијата, бројот на атомските честици, силите кои се вклучени и нивниот интензитет мораат да имаат точни врености. Дури и ако една од овие вредности не била специфицирана, универзумот во кој живееме денес, не би бил создаден. Ова би било неизбежно ако една од горе-споменатите вредности избегала до било која математичка вредност, блиска до „0“.

Накратко, универзумот и неговите градивни делови, атомите, настанале веднаш по случувањата на Големата Експлозија по непостоењето, благодарение на овие рамнотежи создадени од Алах. Научниците спровеле бројни истражувања за да ја разберат хронологијата на настаните кои се случиле за време на овој процес и редот на правилата во физиката како ефект од секоја фаза. Фактите на кои работеле сите науки кои се занимаваат со овој проблем, го признаваат следното:

♦ Момент „0“: Овој „момент“ се случува кога материјата и времето не постоеле, и кога експлозијата се случила, тој примил време t (time = време) = 0, во физиката. Ова значи дека ништо не постои во t = 0. За да можеме да опишеме она што се слиучило пред овој „момент“ кога создавањето започнало, мораме да ги знаеме законите на физиката кои тогаш постоеле, бидејќи сегашните закони на физиката, не важат за првите моменти од експлозијата.

Настаните кои можат да се дефинираат во физиката, започнуваат на 10-43 секунди, што е најмалото време. Ова е временска рамка, неприемлива за човековиот ум. Што се случило во ова мало време што ние и не можеме да го сфатиме? Физичарите не можат да формираат теорија која комплетно ги објаснува деталите кои се случиле во тој момент.5

Ова е така, бидејќи научниците ги немаат податоците потребни за да се извршат пресметките. Сите правила од математиката и физиката водат на ќор-сокак во овие граници. Ова е така бидејќи, и она што се случило пред и она што се случило во првите моменти од оваа експлозија, секој детал лежи на многу деликатна рамнотежа, имаат реалност преку границите на човечкиот ум и физиката.

Оваа креација, која почнала пред времето, довела момент по момент до формацијата на материјалниот универзум и законите на физиката. Сега да ги погледнеме настаните кои се случиле со голема прецизност за многу кратко време за време на експлозијата.

Како што споменавме погоре, во физиката, сèто она што може да се пресмета на 10-45 секунди па натаму, енергијата и времето може да се дефинира само по овој момент. Во овој момент на создавањето, температурата е 1032 (100,000,000,000,000,000,000,000,000,000,000) К. Да се направи споредба, температурата на сонцето се изразува во милиони (108) а температурата на некои ѕвезди поголеми од сонцето во милијарди (1011). Дека највисоката мерлива температура во денешнината е ограничена на милијарди степени открива колку висока била температурата во 10-43 секунди.

♦ Кога одиме чекор понатаму од овој период од 10-43 секунди, доаѓаме до моментот во кој времето е 10-37 секунди. Временската разлика меѓу овие два периоди не е само една или две секунди. Зборуваме за временска разлика кратка колку еден врз квадрилион пати, квадрилионити дел од секундата. Температурата е сèуште извонредно висока со 1029 (100,000,000,000,000,000,000,000,000,000) К. Сèуште не биле создадени атоми на овој стадиум.6

♦ Уште еден чекор, и ние сме на 10-2 секунди. Овој временски период укажува на една стотина од секундата. Досега, температурата е 100 милијарди степени. Во овој момент, „раниот универзум“ почнал да се формира. Честичките како протонот и неутронот што го формираат јадрото на атомот сèуште не се појавиле. Постои само електронот и античестицата, позитронот (анти-електронот), бидејќи температурата и брзината на универзумот во тоа време само ја дозволуваат формацијата на овие честици. За помалку од секунда по екплозијата од ништо станало нешто, се формирале електроните и позитроните.

Од овој момент натаму, времеот на формацијата на секоја под-атомска честичка е многу важно. Секоја честица мора да излезе во специфичен момент за да сегашните правила на физиката бидат поставени. Од голема важност е која честичка ќе се формира прва. Дури и најмало бегање од секвенцата или времето би направило возможно да универзумот ја завземе сегашната форма.

Сега да престанеме и да размислиме.

Теоријата на Големата Експлозија обезбедува доказ за Алаховото постоење што покажува дека целата материја од која е изграден универзумот потекнува од ништото. Дури направила и уште повеќе и покажала дека градивните делови – атомите – исто така настанале за ништо помалку од една секунда по Големата Експлозија.

Следејќи го моментот „0“ кога не постоеле ниту материјата ниту времето и кога се случила експлозијата, универзумот и неговите градивни делови, атомите биле создадени од ништо во рамките на една голема шема.

1- Фатени електрони
2- Електрон
3- Неутрино
4- Хелиумово јадро
5- Неутрон
6- Протон
7- Деутериумово јадро
8- Тројки на кваркови формираат хадрони
9- Кварк
10- Самостојност
11- Антикварк
12- Гравитација
13- Електромагнетска сила
14- Слаба сила
15- Јака сила
16- Електронски-слаба сила
17- Обединета сила
A- 3 МИНУТИ Протоните и неутроните ги формираат атомските јадра
B- 1 МИНУТА Кварковите ги формираат хадроните, електроните и неутрино
C- 10-6 СЕКУНДИ Уништување на материјата и антиматеријата

 

Огромната рамнотежа и ред на овие честички се вредни да се забележат. Универзумот ја должи неговата сегашна состојба на оваа рамнотежа што ќе биде објаснето подетално на страниците што следат. Повторно, рамнотежата ни дозволува да живееме мирен живот. Накратко, совршениот ред, и непроменетите закони, „законите на физикаста“, се создале по експлозија што би била нормално очекувана за да се создаде голем метеж и неред. Ова покажува дека секој момент по создавањето на универзумот, вклучувајќи ја и Големата Експлозија, се создале перфектно.

Сега да продолжиме со разгледување на развитокот на настаните од каде престанавме.

Не знаеш ли дека на Алах, секако, на сеџде му паѓа сè она што е на небесата и на Земјата, и Сонцето и Месечината, и ѕвездите и панетите, и стеблата животните и исто така многу меѓу луѓето? А многу има кои ја заслужуваат казната. А оној кого Алах ќе го понижи нема никој што ќе го удостои. Алах навистина, работи што сака!
(Сура ел-Хаџџ:18)

♦ Следниот чекор е моментот кога времето од 10-1 секунда поминало. Во овој момент, температурата е 30 милијарди степени. Дури ни една секунда не поминало од t = 0 моментот во овој стадиум. Досега, неутроните и протоните, другите честички на атомот, почнале да се појавуваат. Неутроните и протоните, перфектните структури кои ќе ги анализираме во следните делови, биле создадени од ништо за време од помалку од една секунда.

♦ Да дојдеме до првата секунда по експлозијата. Масивната густина во ова време повторно дава колосална бројка. Според пресметките, вредноста на густината на масата присутна во таа стаза е 3.8 милијарди килограми на литар. Можеби е лесно да се изрази оваа борјка, во милијарди килограми, аритметички, и да се покаже на хартија. Сепак, е невозмоно да точно се определи оваа бројка. Да се даде многу прост пример за да се објасни големината на оваа бројка, ќе кажеме дека „ако Монт Еверест на Хималаите би ја имал оваа густина, би можел да го проголта нашиот свет за момент со силата на гравитација која би ја поседувал.“7

♦ Најјасната карактеристика на последователните момент и таа дотогаш, температура која стигнала до многу помало ниво. Во тој стадиум, универзумот е околу 14 секунди стар, и има температура од 3 милијарди степени и продолжува да се шири со драматична брзина.

Ова е стадиумот каде стабилни атомски јадра, како што се јадрата на водород и хелиум, започнале. Еден протон и еден неутрон, за прв пат ги нашле условите кои се значајни за нивното со-постоење. Овие две честички, што имаат маса, која е на границата меѓу постоењето и непостоењето, заради силата на гравитација почнале да даваат отпор на огромниот степен на зголемување. Очигледно е дека тука се случува драматично свесен и контролоран систем. Масивна експлозија го дава патот на огромна рамнотежа и прецизен ред. Протоните и неутроните почнале да се групираат за да го формираат атомот, градивниот дел на материјата. Сигурно е дека е сосема неможно за овие честички да ја имаат моќта и свеста за да ја формираат деликатната рамнотежа, која е потреба при формирањето на атомот.

♦ За време на епохата, која следи на оваа формација, температуртата на универзумот паднала на милијарда степени. Оваа температура е 60 пати по температурата на површината на нашето сонце. Само 3 минути и 2 секунди поминале од првиот момент до овој. Досега, под-атомските лестички како фотони, протони, анти-протони неутрино и анти-неутрино се во поголем број. Количеството на сите честички кои постојат во оваа фаза и нивните меѓу-интеракции се многу критични. Дотолку што најмалата варијација во квантитетот на било која честичка ќе го уништи енергетското ниво поставено од нив и ќе ја спречи претворбата на енергијата во материја.

Стивен Вајнберг

Да ги земеме за пример електроните и позитроните: кога електроните и позитроните ќе се соединат, ќе се формира енергија. Оттаму, бројноста на двете честички е многу важна. Да речеме дека 10 единици на електрони и 8 единици на позитрони се среќаваат. Во овој случај, 8 од 10-те единици, на електрони ќе стапат во реакција со 8 единици на позитрони, и ќе создадат енергија. Како резултат, се ослободуваат 2 единици електрони. Бидејќи електронот е една од честичките која го формира атомот што е градивниот дел на универзумот, мора да биде обезбедено во потребни количини во оваа состојба, за да универзумот би постоел. За да го проанализираме наведениот пример, доколку бројот на позитрони е поголем од оној на електроните, тогаш позитроните би биле во вишок, наместо електроните како резултат на енергијата која се ослободува, и материјалниот универзум никогаш не би се создал. Доколку бројноста на позитроните и електроните е еднаква, тогаш единствено енеријата би била создадена и не би имало со што да се создаде материјалниот универзум. Сепак, овој вишок во бројноста на електроните е определен на тој начин така да соодветствува на бројот на протоните, во универзумот во времето кое следи на овој момент. Во атомот, што подоцна ќе се формира, бројноста на електроните и протоните ќе биде еднаква.

Водородниот Атом

Хелиумов Атом

Бројот на честичките кои излегле во периодот кој следи на Големата Експлозија се определени со многу прецизно сметање, конечно водејќи на формација на материјалниот универзум. Професорот Стивен Вајнберг (Steven Weinberg) опишува колку е критична интеркацијата меѓу овие честички:

Доколку универзумот во првите неколку минути навистина бил составен од точно определен број на честички и анти-честички, тие би биле уништени кога температурата ќе падне под 1,000 милиони степени, и ништо не би останало освен радијација. Постои многу добар доказ против оваа можност – ние сме тука! Мора да постои одреден вишок на електрони над позитрони, на протони над анти-протони, и на неутрони над анти-неутрони, за да има нешто оставено по уништувањето на честичките и античестичките за да ја задржат материјата на сегашниот универзум.8

♦ Вкупно 34 минути и 40 секунди поминаа од почетокот. Нашиот универзум е стар половина час. Температурата паднала од степените искажани во милијарди на 300 милиони степени. Електроните и позитроните продолжуваат да создаваат енергија со судирање еден со друг. Досега, кванитетот на честичките што ќе го формираат универзумот се урамнотежени за да го дозволат формирањето на материјалниот универзум.

Кога степенот на експлозијата ќе забави, овие честички, кои скоро и да немаат маса, почнуваат да стапуваат во реакции една со друга. Првиот водороден атом се формира со електрон кој се поставува во орбитата на протон. Ова создавање нè воведува во основните сили кои често ќе ги среќаваме во универзумот.

Не е за сомневање за овие честички, кои се продукт на дизајн многу преку човечкото разбирање и имаат различни структури кои почиваат на екстремно деликатни рамнотежи, за да се спојат преку случајност и да дејствуваат кон истата цел. Оваа перфекција ги води голем број на истражувачи кои се занимаваат со оваа тема до многу важниот заклучот: тоа е „креација“ ии постои надгледување без соодветсво во секој момент на оваа креација. Секоја честичка која е создадена по експлозијата треба да се формира во точно определено време, на специфична температура и со специфична брзина. Се чини дека овој систем, што работи скоро како навиен часовник, е пробрамиран со многу внимание пред да стане активен. Ова значи дека Големата Експлозија и перфектниот универзум што потекнува како резултат на Големата Експлозија е дизајниран пред почнувањето на експлозијата а потоа е активиран.

Волјата која го организира, дизајнира и контролира универзумот е секако онаа на Алах, Создателот на сè што постои.

Овој дизајн не се воочува само од атомот, туку од секој предмет во универзумот, голем или мал. Овие честички, кои на почетокот се оттргнуваа едни од други со брзината на свелината, не само што го предизвикале создавањето на атомите на водород, туку исто така ги зголемиле сите огромни системи кои се содржат во денешниот универзум, како и атомите, молекулите, планетите, сонцата, сончевите системи, галаксиите, квазарите итн., според извондреден план, и во совршен ред и рамнотежа. Бидејќи е неможно честичките кои се потребни да го формираат атомот да се состават по случајност и да формираат деликатни рамнотежи, би било многуи по неразумно и нелогично да се тврди дека планетите, галаксиите и накратко, сите системи кои го овозможуваат функционирањето на универзумот да се формираат по случајност и да ги развијат рамнотежите сами по себе. Волјата која го прави овој уникатен дизајн, оној на Алах, Креаторот на целиот универзум.

Други атоми се формираат по атомот на водород, што е чудо само по себе. Во овој момент, различни прашања доаѓаат на ум, како што се „Како другите атоми се формирале? Зошто сите протони и неутрони не го формирале само водородниот атом? Како честичките одлучиле кои атоми ќе ги формираат и во кое количество?“ Одговорот на овие прашања повторно не води кон истиот заклучок. Постои голема сила, контрола и дизајн во формирањето на атомот на водород и на сите други атоми кои следат. Оваа контрола и дизајн го преминува капацитетот на човековиот ум и укажува на фактот дека универзумот е очигледно „креација“. Законите на физиката кои биле поставени по настаните кои следеле по Големата Експлозија не се промениле за време од околу 17 милијарди години кои поминале. Понатаму, овие закони се базирани на такви прецизни пресметки што и милиметарски грешки од денешните вредфности можат да предизвикаат резултати кои ја вознемируваат општата структура и ред во целиот универзум. Зборовите на познатиот физичар, проф. Стивен Хокинг (Prof. Stephen Hawking) кои се однесуваат на овој момент се многу интересни. Хокинг објаснува дека овие феномени се базираат на многу пофини пресметки отколку што можеме да си замислиме:

Ако степенот на експанзија една секунда по Големата експлозија бил помал од дури еден дел во сто илјади милиони милиони, универзумот ќе се урнел пред да ја достигне денешната големина.9

И Он ви ги потчини ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, а и ѕвездите ви се потчинети со наредбата Негова. Ете, во него, навистина има знаменија за луѓето кои сфаќаат! (Сура ен-Нахл: 12)

Големата експлозија која е поставена на вакви фини пресметки, очигледно открива дека вемето, просторот и материјата не се создале спонтано, туку биле создадени од Алах. Апсолутно е неможно да настаните кои се опишани погоре се формирале како резултат на чиста случајност и да водат кон создавањето на атомот, градивниот дел на универзумот.

Неизненадувачки, многу научници кои работат на таа тема го прифатиле постоењето на бесконечната сила и нејзината моќ во создавањето на универзумот. Реномираниот астрофизичар Хаг Рос (Hugh Ross) објаснува дека Креаторот на Универзумот е преку сите димензии:

Пои дефиниција, времето е онаа димензија во која се случува феноменот на причината-и-ефектот. Без време, нема причина и ефект. Доколку почетокот на времето е конкурентно со почетокот на универзумот, како што вели теоријата на простор-време, тогаш причината на универзумот мора да биде некој ентитет кој работи во временска димензија сосема независна и пред-егзисттентна на временската димензија во космосот. ... Тоа ни кажува дека Креаторот е трансцендентен, работејќи преку димензионалните граници на универзумот. Тоа ни вели дека Бог не е самиот универзум, ниту е Бог содржан во самиот универзум.10

Најзначајниот аспект на Големата Експлозија е дека му дава на човештвото шанса, подобро да ја разбере силата на Алах. Потеклото на универзум со сета материја која ја содржи од ништо е еден од најголемите знаци за силата на Алах. Деликатната рамнотежа во енергијата во моментот на експлоизијата е многу голем знак кој нè упатува да размислуваме за бесконечноста на Алаховото знаење.

Фундаменталните Сили во Универзумот

Споменавме дека законите на физиката во универзумот постоеле по Големата Експлозија. Овие закони се базирани на „четирите фундаментални сили“ кои и се познати на модерната физика денес. Овие сили се формирале заедно со формацијата на првите под-атомски честички на специфично назначени времиња веднаш по Големата Експолозија за да формира целосен ред и систем на универзумот. Овие сили се силата на привлекувањеот на масата познато како гравитациона сила, електромагнетна сила, силната јадрена сила, и слабата јадрена сила. Сите имаат различен интензитет и поле на влијание. Силната и слабата јадрена сила работат само на под-атомско ниво. Останатите две – гравитационата и електромагнетната сила – владејат со збирови на атоми, со други зборови „материјата“. Безгрешниот ред во земјата е резултат на многу деликатната пропорција на овие сили. Споредба на овие сили овозможува многу интересен резултат. Целата материја која е создадена и распрскана преку универзумот по Големата Експлозија е формирана со ефектот на овие сили, кои имаат големи струи меѓу нив. Долу се прикажани извонредно различните вредности на овие сили прикажани во меѓународни стандардни единици:

Овие фундаментални сили ја овозможуваат формацијата на материјалниот универзум преку совршено распределување на сила. Пропорцијата меѓу силите е базирана на таква деликатна рамнотежа што тие можат да го предизвикаат соодветниот ефект на честичките само на тие особени разлики.

1. Големата Сила во Јадрото: Силната Јадрена Силa

1- Јаглерод 14- 6 протони- 8 неутрони
2- Електрон
3- Неутрон
4- Фотон
5- Протон
6- Неутрино
7- Азот – 14 - 7 протони - 7 неутрони

До овој момент, видовме како атомот е создаден момент по момент и деликатната рамнотежа која е на сила во ова создавање. Видовме дека сè околу нас, вклучувајќи не и нас, е направено од атоми и овие атоми се составени од многу честички. Тогаш која е таа сила која ги држи честичките кои го го држат јадрото на атомот? Оваа сила, која го одржува јадрото интактно (целовито), и која е најсилната сила која е дефинирана од законите на физиката е „силната јадрена сила“.

Оваа сила се грижи за тоа да протоните и неутроните во јадтрото на атомот останат заедно без да летаат одвоено. Јадрото на аетомот е формирано на овој начин. Оваа сила е толку силна што скоро предизвикува да протоните и неутроните во рамките на јадрото се сврзат еден со друг. Заради ова ситните честички кои ја поседуваат оваа сила се наречени „глуон“ што значи „лепак“ во превод од латински. Силата на оваа врска е наместена многу внимателно. Интензитетот на оваа сила е специфично наместен за да овозможи протоните и неутроните да држат одредена дистанца меѓу себе. Ако оваа сила била барем малку поголема, протоните и неутроните би се удриле еден во друг. Ако оваа сила била барем малку помала, тие би биле расеани. Оваа сила го има точно оној степен кој е потребен за да се формира јадрото на атомот по првите секунди на Големата Експлозија.

Бомбандирањата во Хирошима и Нагасаки укажуваат на тоа колку може да биде деструктивна силната јадрена сила кога ќе биде ослободена. Единствената причина што атомските бомби, што ќе биде разгледувано во понатамошните поглавја, се толку ефективни е ослободувањето на минимални количества од оваа сила скриена во јадрото на атомот.

2.СигурносенПојаснаАтомот

Слабата Јадрена Сила

Еден од најзначајните фактори кој го оддржуваат редот на Земјата е рамнотежата во рамките на атомот. Оваа рамнотежа обезбедува да сите нешта не се распаднат одеднаш и да емитираат штетна радијација. „Слабата јадрена сила“ е одговорна за оваа рамнотежа меѓу протоните и неутроните во јадрото на астомот. Оваа сила игра важна улога во оддржувањето на рамнотежата на јадрата што содржат голем број на неутрони и протони.

Како што се оддржува оваа рамнотежа, нетруон, ако е потребно, може да се промени во протон. Бидејќи бројот на протоните во јадрото се менува на крајот од овој процес, атомот исто така се менува ис танува различен атом. Тука резултатот е многу значаен. Атомот се трансформира во различен атом без дезинтеграција (распаѓање) и го продолжува неговото постоење. Овој сигурносен појас ги штити живите организми против опасностите што инаку би произлегле од честичките кои слободно и неконтролирано се распаѓаат и им штетат на луѓето.

3. Силата Што го Одржува Електронот во Орбитата:
Електромагнетната Сила

Откритието на оваа сила отворило нова страница во светот на физиката. Тогаш се мислело дека секоја честичка поседува „електричен полнеж“ според нејзините сопствени структурни карактеристики и дека постои сила меѓу овие електрични полнежи. Оваа сила условува да честичките со различни електрични набои се привлекуваат и честичките со истоимени набои да се одбиваат, со тоа обезбедувајќи да протоните во јадрото на атомот и електроните кои патуваат по околните орбити се привлекуваат. На тој начин, „јадрото“ и „електроните“, двата основни елементи на атомот, остануваат заедно.

Најмалата промена во големината на оваа сила би предизвикал да електронот се лансира од јадрото или да падне на јадрото. Во двата случаи, би било неможно за атомот, а со тоа и за материјалниот универзум, да постои. Сепак, уште од првиот момент од кога оваа сила е создадена, протоните во јадрото ги привлекуваат електроните со прецизната сила потребна за формацијата на атомот благодарение на вредноста на оваа сила.

4. Силата Која го Држи Универзумот:
Гравитационата Сила

Човек може да остане во средина без гравитација само за одредено време употребувајќи специјална опрема. Живите суштества можат да преживеат само во систем каде што постои гравитација

Со тоа што е единствената сила која можеме да ја набљудуваме во нормални услови, таа е исто така и силата за која најмалку знаеме. Попозната како гравитација, оваа сила е всушност наречена „сила на привлекување на маси“. Иако е најмалку моќната сила кога ќе се спореди со другите, со неа многу големи маси се привлекуваат една со друга. Оваа сила е причината зошто галаксиите и ѕвездите во универзумот се наоѓаат во нивните орбити. Земјата и другите плантеи остануваат во одредена орбита околу Сонцето повторно со помошта на гравитационата сила. Можеме да одиме по Земјата заради оваа сила. Ако постои бегање од вредноста на оваа сила, ѕвездите би паднале, земјата би била откината од нејзината орбита и ние би биле распрснати од земјата низ вселената.

Во случај на најмалиот пораст, ѕвездите би се судриле, Земјата би јурнала низ Сонцето и ние би биле вовлечени во внатрешноста на Земјата. Ова можеби Ви изгледаат како далечни можности, но тие би биле неизбежни доколку оваа сила би се оттргнала од постоечката вредност дури и за многу кратко време.

Сите научници кои вршат истражувања на оваа тема, признаваат дека прецизно определените вредности на овие фундаментални сили се од највисоко значење за постоењето на универзумот.

Обраќајќи се на оваа тема, познатиот молекуларен биолог Мајкл Дентон (Michael Denton) во својата книга Судбината на Природата: Како Законите на Биологијата ја Откриваат Целта во Универзумот вели:

Ако, на пример гравитационата сила е посилна за трилион пати, тогаш универзумот би бил далекупомал и неговиот животен век би бил далеку пократок. Просечна ѕвезда би имала маса трилион пати помала од сонцето и животен век од околу една година. Од друга страна, ако гравитацијата би била помалку силна, не би се формирале ниту ѕвезди ниту галаксии. Другите односи и вредности не се помалку критични. Ако силната сила би била барем малку послаба, единствениот елемент кој би бил стабилен е водородот. Не би постоеле други атоми. Ако била малку посилна во однос на електромагнетизмот, тогаш атомско јадро кое содржи само два протона би била стабилна особина на универзумот – што би значело дека водород не би постоел, и ако би се еволуирале ѕвезди или галаксии, тие би биле многу поразлични од онакви какви што се. Јасно, ако овие различни сили и константи не ги имале точните вредности кои ги имаат, не би постоеле ѕвезди, нити супер-нови, нити планети, нити атоми, ниту живот.11

Реномираниот физичар Пол Дејвис (Paul Davies) ја истакнува неговата зачуденост за пре-детерминираните вредности на законите на физиката во универзумот:

Кога човек ја студира космологијата, се јавува недоверба. Скорешните откритија за древниот космос нè приморуваат да прифатиме дека експандирачкиот универзум е наместен во неговите движења со соработка со вчудоневидувачка прецизност.12

Врвниот план и совршениот ред преовладуваат во целосниот универзум владеен од овие фундаментални сили. Сопственикот на овој ред, без сомнеж, е Алах, Кој создал сè безгрешно од ништо. Исак Њутон (1642-1727), таткото на модерната физика и небесната механика, кој е признат за „еден од најголемите научници што некогаш живееле“ го привлекува вниманието на следниот факт:

„Овој многу прекрасен систем на Сонцето, планетите и кометите би можел да продолжи од советот и владеењето на интелегентно и моќно Суштество. Ова Суштество, владее со сите работи, не како душата на светот, туку како Господарот на сè, и заради Неговото владеење. Тој оној што се нарекува Господ Бог, Универзалниот Владетел.“

Врвниот дизајн и совршениот ред преовладуваат во целокупниот универзум направени на основањето која ја обезбедуваат овие фундаментални сили. Сопственикот на овој ред е, несомнено, Алах, Кој создал сè безгрешно од ништо. Алах, Господарот на сите светови, ги држи ѕвездите во нивните орбити со најслабата сила, и го држи јадрото на минималниот атом со најсилната сила. Сите сили дејствуваат според „мерките“ кои Тој ги преодредил. Алах се осврнува на редот на создавањето на универзумот и на рамнотежите „најточно определени“ во еден од Неговите стихови:

Оној чија власт на небесата и на Земјата е – Негов, Кој не присвои дете, Кој во власта не зема придружник и Кој ја создаде секоја ствар, па ја определи со мера определена!(Сура ел-Фуркан: 2)


   
 
 
    

5. Taskin Tuna, Uzayin Sirlari, Bogaziçi Yayinlariö p.185
6. Colin A. Ronan, The Universe Explained, The Earth-Dwellers’s Guide to the Mysteries of Spase, Henry Holt and Company, pp. 178-179
7. Taskin Tuna, Uzayin Sirlari, Bogaziçi Yayinlariö p. 186
8. Steven Weinberg, The First Three Minutes, A Modern View of the Origin of the Universe, Basic Books, June 1993, p.87
9. Stephen W. Hawking, A Brief History of Time, Bantam Books, April 1988, p. 121
10. Hugh Ross, The Creator and the Cosmos, How Greatest Scientific Discoveries of the Century Reveal God, Colorado: NavPress, Revised Edition, 1995, p. 76
11. Michael Denton, Nature’s Destiny: How The lawes of Biology Reveal Purpose in the Universe, The New York: The Free Press, 1998, pp. 12-13
12. Paul Davies, The Accidental Universe, Cambrige: Cambrige University Press, 1982.

You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top