Чудото Во Атомот

< <
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 



ПОГЛАВЈЕ 2

СТРУКТУРАТА НА АТОМОТ

Воздухот, водата, планините, животните, растенијата, Вашето тело, столчето на кое седите, накратко, сè што гледате, допирате и чувствувате, од најтешкото до најлесното е формирано од атоми. Секоја страница од книгата која ја држите во своите раце е составена од милијарди атоми. Атомите се честички толку мали што е немождно да се види еден дури и со најсилните микроскопи. Дијаметарот на еден атом е само во редот на милионити дел од милиметарот.

Не е можно за човечко суштество да ја визуелизира оваа големина. Затоа, да се обидеме да го објасниме ова со пример:

Помислете дека имате клуч во Вашата рака. Несомнено, не е можно да вие ги видите атомите во овој клуч. Ако кажете дека морате да ги видите атомите, тогаш би морале да го зголемите клучот во Вашата рака во мерките на светот. Откога клучот во Вашата рака ќе стане голем колку земјата, тогаш секој атом во клучот е со големината на цреша.13

Да дадеме уште еден пример за да ја разбереме оваа малост и како насекаде и сè е полно со атоми:

Да претпоставиме дека сакаме да ги изброиме атомите во зрно од сол и да претпоставиме дека можеме да броиме една милијарда (1,000,000,000) атоми во секунда. И покрај нашата разумната глувост, би ни требале повеќе од петстотини години за да го изброиме бројот на атомот во ова мало зрно од сол.14

Тогаш, што е во оваа мала структура?

И покрај нејзината многу мала величина, постои непогрешен, уникатен и комплексен систем во рамките на атомот споредлив во софистикација со системот кој го гледаме во универзумот зголемено.

Секој атом е изграден од јадро и број на електрони кои се движат во орбиталските обвивки на големи растојанија од јадрото. Во рамките на јадрото се други честички наречени протони и неутрони.

Во ова поглавје, ќе ја разгледаме необичната структура на атомот што ја содржи основата на сè што е живо и неживо, и да видиме како атомите се комбинираат за да ги формираат молекулите и конечно, материјата.

A- Атом
B- Протоните и електроните се составени од групи на кваркови
C- Множество од три кваркови – тие го сочинуваат протонот- би имале врски во нивното срце.

Силата Скриена во Јадрото

Јадрото е локализирано точно во центарот на атомот и е составено од одреден број на протони и неутрони кои зависат од својствата на тој атом. Радиусот на јадрото е околу десет стотинки од радиусот на атомот. Ако го искажеме ова во бројки, радиусот на атомот е 10-8 (0,00000001) см, радиусот на јадрото е 10-12 (0,000000000001) см. Затоа, волуменот на јадрото е еднаков на десет милијардити делови од волуменот на атомот.

Бидејќи не можеме да ја визуелизираме оваа ширина (или подобро кажано малост), да го земеме примерот со црешата. Да го побараме јадрото во атомите што ги визуелизиравме како големината на цреши кога клучот во Вашата рака е зголемен до големината на Земјата. Но ваква потрага би била незавршена, бидејќи дури и на тоа ниво, апсолутно е неможно да ние го видиме јадрото, што сèуште е премногу мало. Ако навистина би сакале да го видиме, тогаш би требало повторно да ја смениме величината. Црешата која го претставува нашиот атом мора повторно да се зголеми и да стане голема топка со дијаметар од двеста метри. Дури и оваа неверојатна величина, јадрото на нашиот атом, не би било поголемо од многу мало зрно песок.15

Дотолку што, кога ќе го споредиме дијаметарот на јадрото што е 10-13 см и дијаметарот на атомот што е 10-8 см, ќе дојдеме до следниот резултат: ако претпоставиме дека атомот е сфера, ако сакаме да ја наполниме оваа сфера сосема со јадра, тогаш би ни требале 1015 (1,000,000,000,000,000) јадра за да ја наполниме.16

Сепак постои работа која е уште поневеројатна: иако неговата сила е десет милионити делови од големината на атомот, масата на јадрото сочинува 99,95% од масата на атомот. Како е можно да нешто е составено од скоро сè од дадената маса, додека од друга страна, не зафаќа скоро воопшто простор?

Причината е дека густината од која е составена масата на атомот не е распоредена подеднакво низ целиот атом. Тоа е, скоро да целата маса на атомот е акумулирана во јадрото. Ако имате куќа од 10 милијарди м2 и требате да го ставите целиот ваш мебел во соба од 1 м2. Дали би можеле да го направите тоа? Секако дека не можете. Сепак, атомското јадро е можно да го направи ова благодарение на огромната сила за разлика од било која друга сила во универзумот. Оваа сила е „силната јадрена сила“, една од четирите фундаментални сили во универзумот кои ги споменавме во предходното поглавје.

Забележавме дека оваа сила, е најмоќната од силите во природата, го држи јадрото во атомот интактно (целовито) и го чува од поделба (фрагментирање). Сите протони во јадрото имаат позитивни полнежи и се одбиваат меѓусебно заради електро-магнетната сила. Сепак, заради силната јадрена сила, што е 100 пати посилна од одбивната сила на протоните, електро-магнетната сила станува неефективна, па заради тоа протоните се држат заедно.

Да заокружиме, постојат две големи сили кои се во меѓусебен соднос во атомот, и се онолку мали што не можат да бидат видени од нас. Јадрото може да остане целовито како целина заради прецизните вредности на овие сили.

Кога ја разгледуваме големината на атомот и бројот на атомите во универзумот, невозможно е да не забележиме дека постои огромна рамнотежа и дизајн. Кристално е јасно дека фундаменталните сили во универзумот се создадени на многу специфичен начин со голема мудрост и моќ. Единственото нешто, оние кои го одбиваат прибежиштето во вера е ништо друго до тврдење дека сè настанало по случајност. Веројатните пресметки, сепак, научно ја ставаат веројатноста да универзумот е создаден случајно на 0. Сите овие се чисти докази за постоењето на Алах и совршенството на Неговата креација.

...Господарот мој со знаењето ги опфаќа сите нешта. Не се сеќавате ли? (Сура ел-Ен' ам: 80)

Просторот во Атомот

Просторот меѓу протоните и електроните во атомот е толку широк како што е просторот обележан на горната карта.
Како што е споменато погоре, поголемиот дел од еден атом е составен од простор. Ова ги навлекува сите да си го постават истото прашање: зошто постои таков простор? Да размислиме. Едноставно кажано, атомот се состои од јадро, околу кое се наоѓаат електроните. Не постои ништо помеѓу јадрото и електроните. Ова микроскопско растојание „во која ништо не постои“ е всушност многу големо растојание во величината на томот. Можеме да дадеме пример за оваа големина на следниот начин: ако мала џамлија од еден сантиметар во дијаметар го претставува електронот најблиску до јадрото, јадрото би било оддалечено за еден километар од оваа џамлија.17 Можеме да го цитираме следниот пример за да ја расчистиме оваа оддалеченост во нашиот ум:

Постои голем простор кои лежат помеѓу основните честички. Ако го замислувам протонот на јадрото на кислородот како главата од игла на масата пред мене, тогаш електронот кој се наоѓа околу него ќе повлече круг кој ќе помине низ Холандија, Германија и Шпанија (Авторот на овие редови живее во Франција). Па, ако сите атоми кои го формираат моето тело се зближат толку блиску, така што би се допреле, не би можеле да мè видите повеќе. Всушност никогаш не би сте можеле да ме видите со голо око. Би бил толку мал како прашинка во величина од неколку илјадити делови од милиметарот.18

Во овој момент, сфаќаме дека постои сличност меѓу најголемите и најмалите простори во универзумот. Кога ќе ги насочиме нашите очи кон ѕвездите, и таму ќе видиме празнина слична на онаа во атомите. Постојат празнини милијарди километри и помеѓу ѕвездите и помеѓу галаксиите. Сепак, и во двете празнини, преовладува ред кој е над разбирањето на човечкиот ум.

Во Јадрото: Протони и Неутрони

Сè до 1932, се мислело дека јадрото само е составено од протони и електрони. Откриено е дека не постојат електрони туку неутрони во јадрото на атомот покрај протоните. (Реномираниот научник Чедвик во 1932 година го докажал постоењето на неутроните во јадрото и беше награден со Нобеловата Награда за неговиот доказ). На човештвото му била прикажана вистинската структура на атомот за толку кратко време.

Порано споменавме колку е мало јадрото во атомот. Големината на протонот што може да го собере во атомското јадро е 10-15 метри.

Можеби ќе си помислите дека толку мала честичка не би имала никакво значење во човековиот живот. Сепак, овие честички се толку мали и толку несовладливи од човековиот ум за да ја формираат основата на сè што гледате околу вас.

Изворот на Различноста во Универзумот

Постојат 109 елементи што досега се идентификувани. Целокупниот универзум, нашата земја, и сите живи и неживи нешта се формирани од поставеноста на овие 109 елементи во различни комбинации. Бидејќи видовме дека сите елементи се составени од атоми што се слични еден со друг, што, од друга страна укажува на тоа дека се изградени од исти честички. Така, ако сите атоми, кои ги содржат елементите, се изградени од исти честички, тогаш што е она што ги прави елементите различни едни од други и што ја предизвикуваат формацијата на бесконечно различните материи?

Тоа е бројот на протоните во јадрата на атомите што прво ги разликуваат елементите едни од други. Постои еден протон во атомот на водород, најлесниот елемент, 2 протона, во атомот на хелиум, вториот најлесен елемент, 79 протона, во атомот на златото, 8 протона во атомот на кислородот и 26 протони во атомот на железото. Она што го разликува златото од железото, и железото од кислородот е едноставно во бројот на протоните во ниврните атоми. Воздухот кој го дишеме, нашите тела, растенијата и животните, планетите во вселената, живото и неживото, горчливото и слаткото, цврстото и течното, сè... сите овие нешта се конечно составени од протони, неутрони и електрони.

Границата на Физичката Егзистенција: Кварковите

До пред 20 години, се веруваше дека најмалите честички кои ги составуваат атомите беа протоните и неутроните. Сепак, многу скоро, беше отркиено дека постојат многу помали честички во атомот кои ги сочинуваат споменатите честички.

1- титаниум
2- жолт сафир
3- пирит
4- топаз
5- син сафир
6- калцит
7- бакар
8- варовник
9- флуорид
10- топаз
11- талк
12- железо
13- кварцен камен
14- јаглен
15- шпанска галија
16- кварц
17- бариум сулфат
18- федспар
19- дијамант
20- апатит
21- злато
22- федспар
23- син камен
24- кварц

Она што ја предизвикува разликата меѓу елементите е во бројот на протоните во јадрата на атомите. Ова е таа разлика што ги прави материјалите покажани погоре различни еден од друг.

Ова откритие доведе до развитокот на гранка од физиката наречена „Физика на партикулите (честичките)“ која ги истражува „под-честичките“ во рамките на атомот и нивните особени движења. Истражувањата кои се спроведени од физиката на честичките откри дека протоните и неутроните кои го сочинуваат атомот всушност се формирани од суб-честички наречени кваркови“.

Димензијата на кварковите што го формираат протонот, што е толку мал колку што можат да достигнат можностите на човековата фантазија, е уште повеќе вчудоневидувачки: 10-18 (0,0000000000000000001) метри.

Кварковите во рамките на протонот никогаш нема да можат да се разделат еден од друг заради „силната јадрена сила“ што е одговорна за зачувувањето на честичките во рамките на јадрото исто така соработува тука. Оваа сила служи како гумена трака меѓу кварковите. Како што растојанието меѓу кварковите се наголемува, така оваа сила се наголемува, па два кварка не може да бидат пооддалечени еден од друг од квадрилионити дел од метарот. Овие гумени траки меѓу кварковите се формирани од глуони што содржат силна јадрена сила. Кварковите и глуоните имаат многу силна интеракција. Сепак, научниците сèуште не можат да откријат како оваа интеракција се случува.

Протоните и неутроните во јадрото на атомот се формирани од помали честички наречени кваркови.

Истражувањето е во тек во полето на „Физиката на Партикулите“ за да го открие светот на под-атомските честички. Сепак, и покрај целиот интелект, свесност и знаење, што го поседува човештвото, можевме скоро да ги откриеме самите основни честички кои формираат сè, вклучувајќи нè и нас. Понатаму, колку што повеќе се нурнуваме во овие честички, субјектот станува по-деталиран, оставајќи нè на цедило на границата на 10-18 м - димензијата на кваркот. Тогаш, што лежи позади оваа граница?

Денес, научниците предлагаат различни хипотези на оваа тема, но како што е споменато погоре, оваа граница е најдалечната точка до која е стигнато во материјалниот универзум. Сè што е над оваа точка може да биде искажано само како енергија, не и материја. Вистински значајниот момент е дека човекот наоѓа, на место кое можел да го открие со сите технолошки средства на негово располагање, огромни рамнотежи и законите на физиката веќе течат како часовник. Понатаму, ова место е во атомот, што го гради градивниот дел на сèта материја во универзумот, како и на човечките суштества.

Човекот, само почнал да станува свесен за совршениот механизам кој фуннкционира безгрешно во органите и системите на неговото сопствено тело. Неговото откритие на механизмите на клетикте кои ги формираат овие структури се враќа наназад само на неколку декади. Врвната креација која е очигледна ов атомите кои лежат на основата на клетикте, протоните и неутроните во атомите, и кварковите во овие честички е толку совршена, што би го вчудоневидила секој, било да е тој верник или не. Основниот момент за кој мора да се мисли тука, е дека сите овие совршени механизми течат по правилен редослед секоја секунда низ човековиот живот, без никаква интервенција од него, и комплетно надвор од неговата контрола. Многу е само-очигледен фактот на секој кој ја користи неговата совест и мудрост дека сèто ова е создадено од Алах, Сопственикот на вишата сила и знаење и е владеено од Него.

И сè што е на небесата и на Земјата – Него го моли. И секој ден Он е спремен за сè, па, за која благосостојба за Господарот ваш лажете!? (Сура ер-Рахман: 29-30)

Другиот аспект на Атомите: Електроните

1- 10-9 m молекула
2- 10-10 m атом
3- 10-14 m атомско јадро
4- 10-15 m протон
5- 10-18 m електрон
6- 10-18 m кварк

Од структурата на атомот до структурата на кваркот, можно е да се алнализираат најмалите честички кои го формираат атомот со помош на модерните акцелератори. Дијаграмот горе, го илустрира овој однос по прогресивна линија.
Електроните се честички кои се вртат и се движат околу јадрото на атомот слично како што земјата се врти по нејзината оска и исто така се врти околу сонцето. Оваа ротација, како онаа на планетите, е сфатена како непрестајна и во совршен ред на патиштата наречени орбити. Сепак, пропорцијата на голчемината на земјата и сонцето е многу различна од атомската величина. За да се направи споредба меѓу големината на електроните и големината на земјата, ако го зголемиме атомот голем колку земјата, електронот би можел да биде во големината на јаболко.19

Десетици електрони кои се движат во област толку мала што би можела само да биде видена од најмоќните микроскопи создава многу комплициран сообраќај во атомот. Најособената точка овде е дека овие електрони кои го обиколуваат јадрото како штит од електричниот полнеж нема ниту најмала грешка. Всушност, било која мала грешка во рамките на атомот би предизвикало катастрова за атомот

Сепак, вакви грешки никогаш не се случуваат. Целото дејство се случува безгрешно. Електроните кои се движат околу јадрото со брзина која го заматува умот од 1.000 км/секунда никогаш не се судираат еден со друг. Особено е вчудоневидувачки дека овие електрони, кои не се различни еден од друг, следат одделни орбити, и очигледно е резултатот на „свесната креација. Ако тие имаат различни маси и брзини, би било природно за нив да се расположат на различни орбити околу јардото. На пример, редот на планетите во нашиот сончев систем ја следи оваа логика. Планетите кои имаат сосема различни маси и брзини природно се расположени во различни орбити околу сонцето. Но, во случајот со електроните во атомот е сосема поразличен од оној кај планетите. Електроните се потполно слични но имаат различни орбити околу јадрото: како ги следат овие патишта непогрешливо, како не се судираат иако имаат извонредно мали димензии и се движат со вчудоневидувачка брзина. Овие прашања нè водат кон истата мисла: едиствената вистина со која се соочуваме во овој уникатен ред и деликатна рамнотежа е совршената креација на Алах.

Он е Алах! Создател, Творител, Обликувач! Најубавите имиња се - Негови! Него го слави и она што е на небесата и она што е на Земјата! Он е Силен и Мудар! (Сура ел-Хашр: 24)

Електроните се мали честички, скоро две илјадинки од големината на неутроните и протоните. Атомот го има истиот број на електрони колку што има протони и секој електрон сноси негативен (-) полнеж еднаков на позитивниот (+) полнеж кој го носи секој протон. Целосниот позитивен (+) полнеж во јадрото и целосниот негативен (-) полнеж во електроните се поништуваат еден со друг и атомот станува неутрален.

Електричниот полнеж што го носат ги обврзува електроните да се потчинуваат на одредени закони на физиката. Еден од овие закони на физиката е оној дека „исти електрични полнежи се одбиваат еден со друг, а спротивните полнежи се привлекуваат“.

Прво, под нормални услови, електроните, сите негативно наелектризирани би се очекувале да се одбијат еден од друг со почитувањето на овој закон и да се одбиваат од јадрото. Сепак, ова не се случува. Ако електроните се рассеани од јадрото, тогаш универзумот би се состоел од мрзливи протони, неутрони и електрони кои скитаат низ празнината. Второ, позитивно наелектризираното јадро би се очекувало да ги привлекува негативно наелектризираните електрони и електроните би се залепиле до јадрото. Во тој случај, јадрото би ги привлекло сите електрони и во атомот би настанала имплозија (внатрешна експлозија).

Во дијаграмот на лево, можете да видите четири различни типа на орбитали сочинети од електрони, кои зависат на движењето на брановите. Електроните ги следат орбитите во мнгоу сличен начин како што планетите се движат околу сонцето во зависност од својствата на нивните честички. Овие различни движења на електроните ја штитат нивната прецизна дефиниција.

Сепак, ниту едно од овие нешта не се случува. Горе-споменатите вчудоневидувачки брзини на електроните (1.000 км/сек), одбивната сила која ја употребуваат меѓусебе и силата на привлекување што јадрото ја применува на електроните се базирани на такви прецизни вредности што овие три спротиставувачки фактори се во совршена рамнотежа еден со друг. Како резултат, овој неверојатен систем во атомот постои без да се распадне. Дури и ако секоја од овие сили кои влијаат врз атомот би биле поголема или помала отколку што треба, атомот никогаш не би постоел.

Како додаток на овие фактори, ако јадрените сили кои ги врзуваат протоните и електроните во јадрото не би постоеле, протоните кои имаат ист полнеж никогаш не би се приближиле, а во никој случај не би се ниту врзале во јадрото. На ист начин, неутроните никогаш не би можеле да се задржат во јадрото. Како резултат, не би постоело јадро, и оттаму не би имало атом.

Сите овие фини пресметки се индикации дека дури и еден единствен атом не е мрзлив, туку работи под совршената контрола на Алах. Во друг случај, би било неизбежно дека универзумот во кој живееме би завршил пред да би почнал. Овој процес би се повратил уште на почетокот и универзумот не би се формирал. Сепак, Алах, Создателот на сè, Сèмоќниот и Сèможниот, ги востановил екстремно прецизните рамнотежи во атомот како што Тој ги востановил сите рамнотежи во универзумот, благодарение на кои атомот продолжува да постои во совршен ред.

Научниците ги потрошиле нивните најголеми напори преку годините за да ја разоткријат тајната на оваа рамнотежа поставена од Алах, и завршиле со само прикачување на одредени имиња на опсервираните феномени како што се „електромагнетската сила“, „силната јадрена сила“, „слабата јадрена сила“ и „силата на привлекување на масите“ ... Сепак, како што е споменато во воведниот дел од книгава, никој не ни помислил на прашањето „Зошто?“ Зошто овие сили дејстуваат со одредени интензитети под одредени закони? Зошто подрачјата кои се владеени од овие сили, правилата кои ги почитуваат и интензитетот на овие сили имаат толку голема хармонија?

Научниците биле очајни во смисла на сите овие прашања бидејќи сè што тие можат да направат е да го претпостават редот во кој настаните се случуваат. Нивните истражувања, сепак, даваат зголемување на непорекливата реалност.

Електроните се движат околу јадрото во многу деликатна рамнотежа како што планетите се движат околу сонцето.
Секоја точка од универзумот ја открива интервенцијата на Сопственик на интелект и Кој не остава ниту еден атом да биде мрзлив. Постои единствена сила која ги држи сите сили заедно во хармонија, а тоа е Алах, Кој ја има сèта сила и моќ. Алах ја манифестира Својата моќ каде Тој сака и кога Тој сака. Целокупниот универзум од најмалиот атом до бесконечните галаксии можно е да продолжи со неговата егзистенција само со Алаховата волја и одржување.

Во Кур' анот, Алах вели дека нема друга сила освен Него и дека Тој ја прогласува казната на оние кои, несвесни за ова, претпоставуваат дека немоќните суштества (живи или неживи) кои Тој ги создал имаат сила и моќ независно од Него, и им придаваат боженствени карактеристики на нив.

И кога зулумќарите би виделе, а бидејќи казната ќе ја видат, колкава е само моќта која Нему му припаѓа! А, Алах, навистина е Силен Казнувач! (Сура ел-Бекара: 165)

Досега ниту еден научник не можел да ја објасни причината и изворот на силите во атомот и оттаму во универзумот, и зошто некои сили се случуваат во некои случаи. Она што го прави науката е само вршење на набљудувања, земање мерки и давање на „имиња“ за нив.

Вакви „именувања“ се сметаат како големи откритија во светот на науката. Всушност, она што научниците го прават не е начин да се формира нова рамнотежа во универзумот или да изградат нов систем туку само напор да ја разберат и откријат тајната на очигледната рамнотежа во космосот. Она што тие најмногу го прават е да го набљудуваат едно од безбројните чуда на Алаховото создание во универзумот и да му дадат име на тоа. На научниците кои го откриваат супериорниот систем или структура создадена од Алах, им се даваат различни научни награди, се почестени и се воодушевувани од други луѓе. Во овој случај, оној кој навистина треба да биде почестен, е без сомнеж, Алах, Најмилостивиот, Сомилосен, Кој го создаде тој систем кога тој не постоеше, го сочува со огромни деликатни рамнотежи и бескрајно создавајќи невидени чуда како што се тие.

Во сменувањето на денот и ноќта и во она што Алах го создаде на небесата и на Земјата, секако има знаменија за народот богобојазлив. (Сура Јунус: 6)

ЗАБРЗАНИ ЧЕСТИЧКИ

Забрзувачи и Судирачи

Проучувањето на честичките кои се градивните делови на материјата е возможно со истражување на честички кои се милиони пати помали од атомот.

Истражувањето на овие екстремно мали честички може да биде изведено само со употреба на огромни и комплексни физички апарати за честички. Вакви многу комплексни експерименти можат да се контролираат со зголемената употреба на компјутерите.

Физиката на честичка со висока енергија е домен на науката што ги проучува градивните делови на материјата и интеракциите меѓу нив. Скорешни експерименти кои се изведени со помошта на новата висока технологија ни дозволуваат да брзо го прошириме нашето знаење за составот на материјата.

Истражувањето на физиката на честичките се прави во лаборатории со акцелератори (забрзувачи) на честички кои се километри долги во дијаметар. Во акцелераторите на честичките, честичките со полнеж – најмногу протоните и електроните – се забрзани до големи брзини, во електромагнетно поле и се упатени на комора со облак. Забрзаните честички, тогаш се судираат или со фиксирани мети или меѓусебно. Честичките кои се растурени како резултат на овие судири се испитани со различни детекторни системи.

Технологиите на акцелератор и детектор, чија софистицираност се зголемила од 1950-тите, па натаму ги овозможиле судирите на високо-енергетските честички. Проучувањето на овие судири од напреднати системи со детектор дале пат за да се открие дека протоните и неутроните, кои се познати како база на материјата, имаат суб-структура која е составена од честички наречени кваркови. Мерките овозможиле да високо-енергетските нивоа, да им дадат можноста на научниците за да го проучуваат составот на материјата на растојанија толку мали колку една стотинка од радиусот на протонот. Лабораториите со акцелератор постојат само во неколку центри во светот бидејќи нивното основање и работа се многу скапи. Најзначајните центри се: CERN (Женева), DESY (Хамбург), Fermilab-FNAL (Чикаго) и SLC (Калифорнија). Физичарите на честичките со висока енергија учествуваат во експериментални студии во овие центри во големи групи и ги проучуваат тајните на атомот. Меѓу овие лаборатории се SLC во дијаметар од 3 км и CERN во дијаметар од 27 км. Сепак, шампионот во напреварот во големина е американскиот проект ЅЅС што се конструира во центарот на Тексас во САД, со периметарен дијаметар од околу 85 километри. Вредноста на машинеријата се зголемува во директна зависност со големината (За ЅЅС, оваа бројка би била околу 6 милијарди долари).20

 

Лабораторијата за физика на честичките CERN користи цевка од 100 метри под земја во 27 километри дијаметар на круг. Честичките прво се забрзуваат во оваа цевка, а потоа се предизвикува судирот меѓу нив.

Лабораторијата за физиката на честиците CERN е интернационален центар за истражување кој се наоѓа на Швајцарско-Француската граница и е формиран со членство на 19 европски народи. Темата на истражување на оваа лабораторија е основната структура на материјата и главните честички кои ја формираат оваа структура. Околу 3,000 физичари, инжењери, техничари и административен персонал се вработени во лабораторијата, што е посетена од над 6,000 членови физичари за истражувачки цели.

Во сменувањето на денот и ноќта и во она што Алах го создаде на небесата и на Земјата, секако има знаменија за народот богобојазлив. (Сура Јунус: 6)

Орбитали на Електрони

Десетици електрони, кои се вртат и орбитираат во простор кој е невидлив дури и со најмоќните микроскопи, создава вистински комплициран сообраќај во атомот, како што споменавме порано. Овој сообраќај, сепак, е толку подреден така што е неспоредливо по-подреден од најсистематскиот градски сообраќај. Електрините никогаш не се судираат еден со друг, бидејќи секој електрон има посебна орбита и овие орбити никогаш не стапуваат во интеракција.

Постојат 7 електронски обвивки околу јадрото на атомот. Бројот на електроните во овие седум електронски обвивки што никогаш не се менуваат се специфицирани со математичката формула: 2n2. Максималниот број на електроните што можат да бидат присутни во секоја електронска обвивска околу атомот е подесена од оваа формула. (Буквата n во формулата, го претставува бројот на електронската обвивка).

ЕЛЕКТРОНИТЕ ВО СЛУЖБА НА ЧОВЕШТВОТО

Струјата е една од најважните делови од нашиот живот. Ние очигледно не можеме да правиме ништо без неа. Нашите животи се врзани со струјата кога јадеме, гледаме ТВ, одиме од едно место на друго или кога чистиме. Стискаме копче и сè околу нас се вклучува. Стискаме друго копче и сите електрични направи почнуваат да функционираат. Оваа фомра на струјата која ние ја користиме секој момент од нашиот живот е наречена електрична струја. Она што ја прави оваа струја возможна се електроните што ги разгледувавме уште од почетокот на оваа книга. Струјата е струјата на полнежот која е формирана од движењето на негативно (-) наелектризираните електрони и јоини. Апаратите како телевизорот и фрижидерот, во вообичаена употреба користат 1-2 ампери струја. Но, што значи оваа вредност? Струја од 1 ампер по секунда значи трансмисија на 6 милијарди пати билион електрони од даден оддел по секунда. Оваа бројка е еден милион пати поголема за гром.

Дека бесконечниот број на електронски обвивки на атомите кои го сочинуваат универзумот прецизно се држат до истиот број со почитување на формулата 2n2 укажуваат на ред. Дека не се случува хаос во атомот иако електроните се движат со вчудоневидувачки брзини е понатамошна индикација на овој уникатен ред. Ова е ред што не може да се сврсти во никој случај во случајност. Единственото објаснување за постоењето на овој ред е дека Алах, создал сè како манифестација на Неговата моќ во ред и хармонија кои се наведени во Кур' анот. Алах се осврнува на овој ред кој Тој го создал, во стиховите од Кур' анот:

...За секоја работа, Алах одреди мера. (Сура ет-Талак: 3)

... Кој ја создаде секоја ствар, па ја определи со мера определена.(Сура ел-Фуркан: 2)

За секоја работа кај него има мера, Зналец на видливото и на невидливото. Преголем и Превишен.(Сура ер-Р' ад: 8-9)

И Земјата Ние ја раширивме и по неа брда расфрлавме, и од неа направивме да никне од сè по нешто, со рамнотежа. (Сура ел-Хиџр: 19)

И Сонцето и Месечината одат по пресметаното! (Сура ер-Рахман: 5)

И Он небото го поидигна и одреди рамнотежа. (Сура ер-Рахман:7)

Електроните поседуваат екстремно комплексна орбита во рамките на атомот. Иако се создава поголем метеж се создава во толку мало место, поголем од градскиот сообраќај, не се случува ниту една несреќа.

Како што откриваат стиховите, Алах, Господарот на сите светови, е Тој Кој создава сè во совршен однос, мерка и ред. Овој однос и мерка го покриваат целосниот свет на суштествата од најмалата суб-атомска честичка до гигантските небески тела во вселената: сончевите системи, галаксиите и сè меѓу нив. Ова е излезот од бескрајната и бесконечната моќ, знаење, уметност и мудрост на Алах. Алах ги претставува Неговите својства на човечките суштества, во совршената мерка, ред и рамнотежа меѓу суштествата и системите кои Тој ги создава. Тој ја покажува неговата бесконечна сила пред нашите очи. Ова е вистината кон која сите научни истражувања и пресметки мораат да го водат човекот.

Бран или Честичка?

Кога за прв пат биле откриени електроните, се мислело дека се честички како што се протоните и неутроните кои се наоѓаат во јадрото. Во експериментите кои следеле, сепак, се открило дека тие покажуваат карактеристики на бран како светлосни честички, тоа се, фотоните. Консеквентно, квантите физичари заклучиле дека секоја честичка е симултано бранова форма со нејзина сопствена далечна фрекфенција.

 

ЗНАЦИ ОД КУ' АНОТ

Кога се изучува темата на електронските обвивки, мора да се помисли на стих кој укажува на оваа тема во Кур' анот. Постојат 7 електронски обвивки околу јадрото на атомот. На секоја обвивка електроните се поставени во броеви. Може ли тоа да биде изразот „седумте неба“ кои се употребени во Кур' анот за да се опишат слоевите кои ги формираат небата, можеби исто така укажуваат на орбиталските електронски обвивки кои се како неба за атомот?

Кој создаде седум небеса, едни на други. Во создавањето на Милостивиот не гледаш никаков недостаток: па, сврти го погледот: ќе видиш ли некаков недостаток? (Сура ел-Мулк: 3)

Оваа бројка никогаш не се променува. Никогаш не станува 6 или 8. Тука, навистина чудовита работа е бројката на седум електронски обвивки е во целосна хармонија со стихот.

Познато е дека светлината се шири на начин сличен на круговите создадени на површината на водата кога се фрла камен во езеро. Сепак, светлината понекогаш ја носи особината на честичка на материјата и се разгледува во форма на повремени, наизменични пулсови како дождовни капки кои паѓаат на прозорецот. Оваа иста дихотомија се среќава и кај електронот, што води до голема збунетост во светот на науката. Следните зборови на професорот Ричард П. Фајнман (Richard P. Feynman) реномираниот Професор на Теоретска Физика, требало да ја смират целата таа збунетост:

Сега знаеме како се однесуваат електроните и светлината. Но како можам да го наречам тоа? Ако, речам дека се однесуваат како честички ќе го оставам погрешниот впечаток; истото би се случило и ако речам дека се однесуваат како бранови. Тие се однесуваат на нивен сопствен единствен начин, што технички би се нарекол квантно механички начин. Се однесуваат на начин кој не личи на ништо што досега сте го виделе... Атомот не се однесува како тежина која виси на пружина и осцилира. Ниту пак се однесува како минијатурна претстава на сончевиот систем со мали планети кои одат наоколу во орбити. Ниту пак личи на некој вид на облак или магла која го обиколува јадрото. Се однесува на начин што не наликува на ништо што досега сте го виделе. Постои сепак едно поедноставување. Електроните се однесуваат на овој начин на точно истиот начин како фотоните; и двата се екцентрични, но на точно ист начин. За тоа како се однесуваат, оттаму, треба голема фантазија за да се цени, бидејќи ќе опишеме нешто што е различно од нешто за кое знаете.21

Бидејќи научниците никогаш не успеале да го објаснат однесувањето на електроните, како решение тие му дале ново име: „Квантно-механичко движење. Уште еднаш да го цитираме професорот Фајнман кој во зборовите што следат ја истакнува извонредната природа на тоа и страхопочитта која ја чувствува:

Не се прашувајте себе си, ако можете тоа да го избегнете „Но како е можно тоа?“ бидејќи ќе отидете „надолу“ во ќор-сокак од кој никој не побегнал. Никој не знае како е можно тоа.22

Сепак, ќор-сокакот на кој се осврнува Фајнман не е баш така. Причината зошто некои луѓе никогаш не можат да го најдат излезот од оваа дилема е и покрај суштински докази, не можат да прифатат дека овие неверојатни системи и рамнотежи се настанати од врховниот Создател. Ситуацијата е извонредно јасна: Алах го создал универзумот кога него го немало, го поткрепувал со извонредни рамнотежи и го создал без да има предходен пример. Одговорот на прашањето на научниците „Како е можно тоа?“ никогаш не може да биде решен, нити разбран, лежи всушност дека Алах - е Создателот на сè и дека сè постои само по Негова заповест. Биди!“

Алах е Создател на небесата и на Земјата и кога ќе реши за нешто, ќе рече: „Биди!“ и тоа, токму, ќе биде. (Сура ел-Бекара: 117)

Светот Полн со Бои Чии Порти се
Отвораат со Електрони

Далио некогаш сте помислиле што би било кога би се живеело во свет без боја? Пробајте да си го замислите вашето тело, луѓето околу вас, морињата, небото, дрвјата, цвеќињата, накратко, сè во црно. Никогаш не би сакале да живеете во таков свет, нели?

Што ја прави земјата обоена? Како боите, кои го чинат нашиот свет толку извонредно убав, настанале?

Одредени карактеристики кои постојат во природата на материјата ни дозволуваат да ги приемаме предметите во боја. Боите се формираат како природен резултат на одредени движења на електроните во атомот. Може да помислите „Каква врска имаат движењата на електроните со боите?“ Да ја објасниме накратко оваа врска:

Електроните се движат само во електронски обвивки. Само споменавме дека постојат 7 електронски обвивки. Секој електрон има Определено ниво на енергија, што варира во зависност од растојанието на обвивката од јадрото. Што е поблиску електронската обвивка до јадрото, толку помала енергија имаат електроните, и колку е подалеку од јадрото, електроните имаат поголема енергија.

Секој електрон има „под-обвивки“, меѓу кои електроните на таа обвивка постојано се движат.

На електронот му треба да прими надворешна енергија да може да патува надвор меѓу обвивките. Изворот на оваа енергија е фотонот“.

На најпрост начин кажано, фотонот е „светлосна честичка“. Секоја ѕвезда во универзумот е извор на фотони. Најзначајниот извор на фотони за

Continuation from page 59 to page 60: нашиот свет е секако, сонцето. Фотоните се распрснати низ вселената од сонцето со брзина од 300,000 км во секунда.

Кога овие фотони, доаѓаат на земјата од сонцето, ги удираат атомите на предметите на земјата, електроните на атомите некогаш почнуваат и да патуваат. Ако електроните кои можат да патуваат со помошта на оваа енергија да дојдат до повисока енергетска обвивка и потоа да се вратат до нивната обвивка, емитираат фотони што е во форма на бојата која ќе стигне до нашето око. Секој од овие процеси обработени сумирано во погорните неколку реченици продолжуваат да се случуваат од почетокот на креацијата без грешка. Секој чекор се води според голем план и ред. Ако само еден дел од оваа интеракција меѓу електроните и фотоните не работела, ова би предизвикало безбоен, темен универзум.

Уште еднаш да ги наведеме овие чекори кои мораат да се одвиваат според планот и редот за формацијата на универзумот обоен наместо темен.

- Светлина доаѓа од сонцето до земјата и се распрснува во вид на фотонски честички. Овие фотонски честички распрснати околу земјата удираат во атомите на материјата.

- Фотоните не можат да патуваат долг пат во атомите. Тие се удираат од електроните кои кружат околу јадрото.

- Електроните ги апсорбираат овие фотони кои ги удираат.

- Кога електроните ја примаат енергијата на фотоните кои ја апсорбираат, скокаат до друга обвивка и имаат повисоко енергетско ниво.

- Овие електроните пробуваат да се вратат на нивната првобитна состојба.

- Како се враќаат во нивните сопствени обвивки, тие емитираат фотон полн со енергија.

- Овие фотони емитирани од електроните ја определуваат бојата на тој предмет.

Да сумираме, бојата на предметот всушност се содржи од мешавина на овие светлосни честички што се апсорбирани, а потоа емитирани од овој предмет, и доспеваат до нашите очи. Бојата на предмет што не емитира светлина самиот по себе, туку ја рефлектира светлината што ја прима од сонцето зависи од светлината која ја прима и промената која ја прави на оваа светлина. Ако предметот зрачи со бела светлина се гледа „црвен“, ова се случува бидејќи тој апсорбиора поголем дел од мешавината која пристигнува до него од сончевите зраци и емитира само црвена. Кога велиме тој апсорбира, мислиме на следното:

Како што споменавме погоре, секоја обвивка има под-обвивки и електроните патуваат меѓу овие под-обвивки. Секоја обвибка кореспондира со одредено ниво на енергија, и електроните носат онолку енергија колку што е дозволено од енергетското ниво на обвивката во која се движат. Обвивките кои се подалечни од јадрото, имаат повисока енергија. Кога е овозможен простор за еден електрон на повисока обвивка, електронот, одеднаш исчезнува и потоа повторно се појавува во таа под-обвивка со повисоко енергетско ниво. Сепак, за да електронот го направи ова, мора да го подигне своето енергетско ниво до нивото потребно од обвивката на која скокнува. Електронот го зголемува енергетското ниво со апсорбирање (голтање) готонски честички кои доаѓаат од сонцето,

Можеме да ја разјаснима ситуацијата со неколку примери. Да размислиме за Пеперутката Морфо. Пигментите на пеперутката ја абсорбираат целокупната сончева светлина ре-емитувајќи ја само сината боја. Кога светлосните честички за таа одбиена светлина стигнуваат до мрежницата на окото, тие се претворени во електрични сигнали од чунчињата во мрежницата на таков начин за да се приемат како сини и да се испратат до мозокот. Конечно, сината боја се формира во мозокот.

70% од зраците кои стигнуваат до нашата Земја од сонцето се сосема доволни за постоењето на светот на Земјата.

Ова значидека бојата на предметот зависи на карактерот на светлината емитирана од светлосниот извор и колку од оваа светлина е ре-емитувана од предметот во прашање. На пример, бојата на фустанот не е истата на сончева светлина и во продавница. Ако предметот се гледа како црн од нашиот мозок, тоа значи дека овој предмет ја абсорбиора сèта светлина која доаѓа од сонцето и не рефлектира ништо кон надворешноста. На ист начин, ако предметот ја одбива сèта светлина која доаѓа од сонцето и ништо не абсорбира од неа, тогаш таа се гледа како бела од нашиот мозок. Во овој случај, треба внимателно да се размисли за следните моменти:

1. Бојата на предметот зависи од својствата на светлината емитирана од светлосниот извор.

2. Светлината на предметот зависи од реакцијата на електроните на молекулите во неговата структура, како што светлината на овие електрони ќе абсорбира а која тие нема.

3. Бојата на предметот зависи од тоа како нашиот мозок ќе го види фотонот кој удира на мрежницата.

Тука ќе престанеме и повторно ќе размислиме.

Најразлични зраци доаѓаат на земјата од сонцето. Како што се гледа на електромагнетниот спектар на лево, ние гледаме само мал дел од овие зраци.

Електроните кои се движат со неверојатна брзина околу јадрото на атомот што е премногу мала материја за да се види со окото, одеднаш изчезнуваат од нивните обвивки и скокаат на друго место наречено под обвивка. Исто така таму е потребен простор на под-обвивката за да се обезбеди овој скок. Тие ја имаат енергијата која им е потребна за време на процесот на абсорпција на протоните. Тогаш тие одат назад на нивните првобитни орбити. За време на оваа акција, боите кои се гледаат од човечкото око се формираат. Уште повеќе, атомите, кои имаат број кој се изразува во трилиони, продолжуваат да го прават ова секој момент, благодарение на што ние можеме да ја видиме непопречената слика.

Фотоните кои доаѓаат од Сонцето ни овозможуваат да видиме свет полн со бои со одбивање од структурата на предметите на земјата.

Овој прекрасен механизам не е споредлив со работењето на никоја машина направена од човекот. Часовникот, на пример, има високо комплексен механизам, и сите делови на часовникот (запчаници, дискови, навртки, заврти итн) мора да се поставени на точно определени места на правилен начин за да часовникот работи правилно. Најмалиот проблем во овој механизам би го попречила механизмот на часовникот. Сепак, кога мислиме на структурата на атомот и како горе-споменатиот механизам на електрони работи, едноставноста на структурата на часовникот е подобро разбрана. Како што рековме, механизмот на електроните, е многу комплексен, совршен и безгрешен за да се споредува со било кој систем направен од човек. Дефинитивно, систем со таква комплексност што го заматува умот, и што работи толку совршено не можел да настане спонтано, како резултат на случајност, како што се тврди од материјалистичките научници. Сега да го поставиме следново прашање: ако видите часовник кој работи на земјата додека одите по пустина, зарем би помислиле дека тој се формирал од прашина, песок, почва и камења? Никој не би го помислил тоа бидејќи дизајнот и мудроста на часовникот се премногу очигледни. Сепак дизајнот и мудроста во еден единствен атом се, како што споменавме погоре, неспоредливо супериорни од оние механизми создадени од човекот. Сопственикот на оваа мудрост е Алах, Кој го има врховното знаење, кој гледа и создава сè.

Супериорниот дизајн во формацијата на бои нè води кон единствен факт: универзумот е создаден во голема хармонија и ред од најмалите до најголемите честички. Уметноста во боите е еден од знаците на перфектното создание на Алах.

Алах го создал сè што ние можеме и не можеме да го видиме „насекаде“, со оваа несврзана уметност и Тој ни дал безбројни поволности да ни служат, без разлика на тоа дали сме или не сме свесни за нив. Предметот на боите за кој порано не знаевме ништо, и не чувствувавме потреба да го изучуваме, ни се објаснува со сите негови детали со развитокот на науката. Непоречливо е дека научниот напредок и прогрес треба да предизвика секој оној кој ја користи својата мудрост и совест да верува во постоењето на Алах. И покрај тоа, сепак постојат луѓе кои ја игнорираат супериорната уметност и мудрост која се гледа насекаде во универзумот. Еминентниот научник Луј Пастер (Louis Pasteur) интересно забележал дека „малата наука те одведува од Бог, но поголемиот дел од неа те приближува до Него.23

Како што човекот учи за примерите на креацијата кои го опкружуваат, тој повеќе сфаќа дека Алах го води него од секој правец, Тој ги води сите нешта на небото и земјата, и држи сè под контрола. Тој разбира дека неговиот живот сигурно ќе биде земен и дека ќе биде одговорен за сè што правел на земјата. Како верник станува позапознаен со безбројните феномени кои се случуваат околу него, неговото обожување на Алаховото знаење расте постојано. Ова обожување е многу значаен чекор на патот на сфаќање на бесконечната сила и моќ на Алах колку е можно повеќе и стравот од Него како што е потребно. Ова е кажано во Кур' анот:

Не гледаш ли дека Алах, навистина, ви спушта вода од небесата и со неа Ние вадиме различни видови плодови? А низ брдата патишта бели и црвени, со бои различни, а и сосема црни. И меѓу луѓето и меѓу добитокот има, исто така, различни видови. Ете, така од робовите Алахови се плашат, секако, учените. Алах, навистина е Силен и Простувач!(Сура Фатир: 27-28)


   
 
 
    

14. Jean Guitton, Dieu et La Science: Vers Le Métaréalisme, Paris: Grasset, 1991, p.62
15. Jean Guitton, Dieu et La Science: Vers Le Métaréalisme, Paris: Grasset, 1991, p.62
16. Ümit Simsek, Atom, Yeni Asya Yayinlari, 1995, p.53
17. Taskin Tuna, Uzayin Ötesi Bogaziçi Yayinlari, 1995, p.53
18. Jean Guitton, Dieu et La Science: Vers Le Métaréalisme, Paris: Grasset, 1991, p.62
19. Taskin Tuna, Uzayin Ötesi Bogaziçi Yayinlari, 1995, p.52
20. David Filkin, Stephen Hawking’s Universe: The Cosmos Explained, Basic Books, October 1998, pp. 143-144
21. Richard Feynman, The Character of Physical Law, The M.I.T. Press, March 1967, p.128
22. Richard Feynman, The Character of Physical Law, The M.I.T. Press, March 1967, p.129
23. Jean Guitton, Dieu et La Science: Vers Le Métaréalisme, Paris: Grasset, 1991, p.5

You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top