Чудото Во Атомот

< <
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya ЧУДОТО ВО АТОМОТ

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 


Не гледаш ли дека Алах, секако, спушта вода од небото па земјата станува зелена? Алах, навистина, е Сочувствителен и Известен!(Сура ел-Хаџ: 63)

Чудесната Молекула: Вода

Течноста специфично одбрана за животот – „водата“ – покрива две-третини од нашата земја. Телата на сите живи суштества на земјата се формирани од оваа специјална течност во однос кој се движи од 50% - 95%. Од бактериите кои живеат во изворите со температури близу до температурата на вриење на водата, до некои специјални мовови на топечките глечери, животот е присутен сèкаде кјаде постои вода, без разлика на температурата. Дури и ако најмалата капка виси на листот по дожд, илјадници микроскопски живи организми излегуваат, се размножуваат и умираат.

Како би можекла земјата да изгледа ако не би имало вода? Секако, секаде би имало пустина. Би постоеле амбиси и ужасни дупки, наместо мориња. Небото би изгледало без облаци и би имало чудна боја.

Всушност, многу е тешко водата, основата на животот на земјата, да се формира. Прво, да замислиме дека водородните и кислородните молекули, кои се составните делови на водата се ставени во стаклена чинија. Да ги оставиме во чинијата за многу долго време. Овие гасовие уште не би формирале вода дури и ако останат во чинијата за илјадници години.

Причината зошто водата се формира толку бавно под овие услови е температурата. При собната температура, кислородот и водородот реагираат многу бавно.

Кислородот и водородот, кога се слободни се наоѓаат како Н2 и О2 молекули. За да се комбинираат и да ја формираат молекулата на вода, мораат да се судрат. Како резултат на овој судир, врските кои ги формираат водородните и кислородните молекули ослабуваат, не оставајќи пречка за кислородниот и водородниот атом. Температурата ја повишува енергијата и затоа, брзината на тие молекули, резултира во зголемување на бројот на судирите. Со тоа, го забрзува текот на реакцијата. Сепак, сега, нема доволно висока температура за да ја формира водата на Земјата. Топлината потребна за формирањето а водата се добила за време на формацијата на земјата, што резултирало во излегувањето на толку многу вода за да покрие три четвртини од земјината површина. Моментално, водата испарува и се издигнува до атмосферата каде се лади и се враќа до земјата во вид на дожд. Тоа значи, не постои зголемување во квантитетот, само кружен постојан процес.

Чудесните Својства на Водата

Водата има многу извонредни хемиски особини. Секоја молекула вода се формира со комбинацијата на водородни и кислородни атоми. Сосема е интересно дека овие два гаса, првиот запаллив, вториот што го поддржува горењето, да формираат течност, а уште поинтересно е дека тоа е водата.

Сега, накратко да видиме како се формира водата хемиски. Електричниот полнеж на водата е нула, тоа значи, неутрална. Сепак, заради големината на кислородниот и водородниот атом, кислородната компонента на водената молекула има делумно негативен полнеж и неговата водородна компонента има мал позитивен полнеж. Кога повеќе од една водна молекула ќе се соедини, позитивните и негативните полнежи се привлекуваат меѓусебно за да ја формираат многу специфичната врска наречена „водородна врска.

1- Водород
2- Водород
3- Кислород
4- H2O
5- Водна молекула

Водородната врска е многу слаба и е неразбирливо е многу краткотрајна. Траењето на водородната врсдка е скоро сто милијардити дел од секудната. Но кога една врска ќе се скине, друга се формира. Со тоа, водните молекули цврсто се прилепени една за друга, но во исто време ја задржуваат својата течна форма бидејќи се комбинирани со слаби врски.

Водородните врски исто така овозмоуваат да водата ги поднесе температурните промени. Дури и ако температурата на воздухот одненадеж се зголеми, температурата на водата се зголемува бавно, и слично, ако температурата на воздухот се намали одненадеж, температурата на водата опаѓа бавно. Големи температурни промени се потребни за да се предизвика значителни промени во температуранта на водата. Значајно високата топлинска енергија на водата има големи придонеси за животот. Да дадеме прост пример, постои големо количество вода во нашето тело. Ако водата се адаптира на промените на температурата во воздухот што се случуваат одненадеж, со ист степен, веднаж би добивале висока температура или би се смрзнале.

По истото правило, на водата и треба големо количество на топлинска енергија за да испарува. Бидејќи водата користи голем дел од топлинската енергија додека испарува, нејзината температура паѓа. Да дадеме пример, уште еднаш од човечкото тело, нормалната температура на телото е 360С а највисоката температура на телото што можеме да ја толерираме е 420С. Овој интервал од 60С е навистина многу мал и дури работењето под сонцето може да ја зголеми температурата до таа големина. Сепак, нашите тела трошат голема количина од топлинската енергија преку потењето, тоа значи, со предизвикувањето на водата што ја содржи да испарува, што, пак, од своја страна предизвикува да температурата на телото падне. Ако нашите тела немаат таков автоматички механизам, работењето на дури и неколку часа под сонцето може да биде фатално.

Водородните врски и даваат на водата сепак уште едно невообичаено средство, што е дека водата е повискозна во нејзината течна отколку во нејзината цврста агрегатна состојба. Всушност, повеќето супстанци на земјата се повеќе вискозни во нивните цврсти агрегатни состојби отколку во нивните течни агрегатни состојби. Спротивно на други супстанци, сепак, водата се шири како што се смрзнува. Ова е бидејќи водородните врски ги спречуваат водните молекули многу цврсто да се сврзат меѓусебно и со тоа да се остават повеќе празнини меѓу нив. Водородните врски се кинат кога водата е во течна состојба, што предизвикува да кислородните атоми се соединат поблиску и да формираат повискозна структура.

Ако водата би го немала својството на смрзнување од површината надолу, голем дел од морињата би се смрзнале во текот на една година и би се загрозил животот во морето.

Ова исто така предизвикува да мразот биде полесен од водата. Нормално, ако стопите било кој метал и во него фрлите неколку цврсти парчиња од истиот метал, овие парчиња би потонале директно на дното. Во водата, сепак, работите стојат поинаку. Сантите мраз кои тежат десетици илјади тони пловат над водата како плута. Така, која корист би ни донела ова својство на нас?

Бидејќи густината на смрзнатата вода е помала од водата во течна форма, мразот плови над водата.

Да го одговориме прашањето со прост пример на река: Кога времето е многу студено, не целата река туку само нејзината површина се смрзнува. Водата ја достигнува нејзината најтешка состојба на + 40С, и кога таа ќе ја достигне оваа температура, таа веднаш потонува на дното. Мразот се формира на врвот на водата како слој. Под овој слој, водата продолжува да тече, и бидејќи + 40С е температура на која живите организми можат да преживеат, животот во водата продолжува.

Овие уникатни својства, кои Алах и ги дал на водата го овозможуваат животот на земјата. Во Кур’анот, Алах ја истакнува важноста на овој голем благослов кој Тој му го нуди на човекот:

Он од небо ви спушта вода; од неа напивка и со која се наводнуваат пасиштата каде го чувате да паси добитокот ваш. И со водата расте за вас: маслинка, и урми и грозје и плодови секакви. Ете во тоа навистина, има знамение за луѓето кои размислуваат!(Сура ен-Нахл: 10-11)

Интересно Својство на Водата

Сите ние знаеме дека водата врие на 100 0С и дека мрзне на 0 0С. Всушност, под нормални услови, водата треба да врие не на 100 0С, туку на 1800С. Зошто?

Во периодниот систем, својствата на елементите во истата група се разликуваат во растечка форма од лесни елементи кон тешки елементи. Овој ред е многу очигледен кај водородните соединенија. Соединенијата на елементите кои се од истата група со кислородот во периодниот систем се наречени „хидриди“. Всушност, водата е „кислороден хидрид“. Хидридите на другите елементи во оваа група ја имаат истата молекуларна структура како и молекулата на вода.

Точките на вриење на овие соединенија се разликуваат во растечки начин од сулфур до потешките; сепак, точката на вриење на водата одеднаж се противи на оваа шема. Водата (кислородниот хидрид) врие на 800С помалку од онолку што треба. Друга изненадувачка ситуација е во врска со точката на мрзнење на водата. Повторно, согласно редот во периодниот систем, водата треба да мрзни на - 1000С. Сепак, водата го крши ова правило и мрзне на 0 0С, 100 0С над на температурата која треба. Ова ни го изискува прашањето зошто никој друг хидрид, но само водата (кислородниот хидрид) не ги почитува правилата на периодниот систем.

Алах е Оној кој ги создаде небесата и земјата, и кој спушта вода од небото, а со неа вади плодови како ’рск ваш. И ви го потчини бродот кој плови по морето со наредбата негова; ви ги потчини и реките. И ви ги потчини и Сонцето и Месечината кои деноноќно се движат; и ви ги потчини ноќта и денот. И ви даде од сè она што Му баравте. И ако ги броите благословите Алахови не ќе можете да ги изброите. Човекот, навистина е голем зулумќар и голем неверник! (Сура Ибрахим: 32-34)

Законите на физиката, законите на хемијата, и сите други работи кои ги именуваме како правила се само проби за објаснување на невообичаената рамнотежа во универзумот, и деталите на создавањето. Секое испитување водено во 20тиот век покажува повеќе од сè она што физичките рамнотежи во универзумот се скроени за човековиот живот. Испитувањето покажува дека сите закони на физиката, хемијата и биологијата кои се водечки во универзумот како и атмосферата, сонцето, атомите и молекулите, итн., сите се поредени точно како што е потребно во редот за да го поддржи човековиот живот. Водата, како другите елементи споменати погоре, е погодна за животот до таков степен што не може да се споредува со било која друга течност, и голем дел од земјата е исполнет со вода во точното количество потребно за животот. Очигледно е дека сèво ова не може да биде случајно и дека постои совршен ред и дизајн кој постои во универзумот.

Зашеметувачките физички и хемиски особини на водата откриваат дека оваа течност е создадена специјално за човечкиот живот. Алах, го дал животот на луѓето преку водата и со неа создал од земјата сèто она што им треба за да живеат. Алах ги повикува луѓето да мислат на оваа тема во Кур'анот:

И Он од небо ви спушта вода, па со помош нејзина, вадиме секаков вид на билки, а он нив вадиме зеленило, од кое, пак вадиме класје густо; вадиме и од урмите и од семето нивно, и гроздови лесно берливи, и градини со лозја зелени и маслинки, и шипки, слични и различни. Видете ги плодовите од сето тоа кои ’ртат и кои цутат! Ете, во тоа има знаменија за луѓето кои веруваат, навистина! (Сура ел-Ен'ам: 99)

Заштитниот покрив: Озонот

Воздухот што го дишеме, тоа е, пониската атмосфера, е воглавно составен од кислородниот гас. Под кислороден гас, подразбираме О2. Тоа значи дека кислородните молекули во пониската атмосфера се составени од два атоми. Сепак, кислородната молекула може некогаш да е составена од три атоми (О3). Во овој случај, оваа молекула веќе не може да се нарече кислород, туку озон ,бидејќи овие два гасови се многу различни еден со друг.

Тука, треба да се нагласи следново: кога кислородот е формиран кога се комбинираат два кислородни атоми, зошто постои различен гас наречен озон, кој се формира кога се комбинираат три кислородни атоми? Конечно, нели кислородниот атом се комбинира, било да е со два или три атоми во молекула? Зошто тогаш два различни гасови излегуваат? Пред да ги одговориме овие прашања, би било подобро да видиме по што се разликуваат овие два гаса еден од друг.

Кислородот (О2) се наоѓа во пониската атмосфера и го дава животот на сите живи суштества преку дишењето. Озонот (О3) е отровен гас со многу лош мирис. Се наоѓа во повисоките слоеви на атмосферата. Ако би дишеле озон наместо кислород, никој од нас не би преживеал.

Хлор
Како хлорот го уништува озонот?
Хлорот реагира со озонот произведувајќи кислородна молекула и хипохлориден јон (ОCl-) (1). Јонот реагира со кислороден атом (2) за да ослободи слободен хлор (3), што може да реагира со и да уништи друга озонска молекула.32

Озонот е во горната атмосфера, бидејќи таму слижи за одржување на многу витална функција за животот. Формира слој околу 20 км над атмосферата и ја обвиткува земјата како појас. Ги абсорбира ултравиолетоивите зраци емитирани од сонцето, и ги спречува да стигнат до земјата со полн интензитет. Бидејќи ултравиолетовите зраци имаат многу висока енергија, нивниот директен контакт со земјата би предизвикале сè на земјата да изгори, и никогаш нема да му дозволат на животот да се формира. За оваа причина, озонската обвивка служи како заштитен штит во атмосферата.

За да животот постои на земјата, сите живи суштества мораат да дишат и да бидат заштитени од штетните сончеви зраци. Оној Кој го формира овој систем е Алах, Кој владее со секој атом, секоја молекула. Без Алаховата дозвола, никаква сила не би можела да ги соедини овие атоми во различен однос како што се кислородните и озонските молекули на гас.

Молекули Што Ги Вкусуваме и Мирисаме

Чувствата на вкус и мирис се перцепциите што го прават човековиот свет поубав. Задоволството што доаѓа од овие чувства е тема за интересирање уште од антички времиња и е откриено скоро дека се предизвикани од молекулски заемнодејствувања.

„Вкусот“ и „мирисот“ се само перпцепции што се создадени со различни молекули во нашиот орган. На пример, мирисот на храната, пијалокот, или различните овошја и цвеќиња што ги гледаме околу нас, се составени од испарливи молекули. Па, како се случува ова?

Испарливите молекули како мирисот на ванилата и мирисот на розата доспеваат до рецепторите сместени во вибрирачките влакна во носниот регион наречен епител и заемнодејствуваат со тие рецептори. Оваа заемнодејство се перцепира како мирис во нашиот мозок. Досега, седум типови на рецептори се идентифицирани во нашата носна празнина, што е обложена со мирисна мембрана дебела 2-3 см2. Секој од овие рецептори соодветстува на одреден основен мирис. На истиот начин, постојат четири различни типови на хемиски рецептори на предниот дел од нашиот јазик. Овие се однесуваат на солениот, слаткиот, киселиот и горчливиот вкус. Нашиот мозок ги приема молекулите кои доспеваат до рецепторите на нашите сензорни органи (органи за чувство) како хемиски сигнали.

ПИПЕРИН
Пиперинот е активна компонента на белиот и црниот пипер (плодовите на тропското лозје Piper nigrum). Црниот пипер се добива со овозможување на незрелото овошје да ферментира, а потоа се суши. Белиот пипер се добива со одвојување на кожичките и месото на зрелите плодови и со сушење на семките.33

 


Пара-ХИДРОКСИФЕНОЛ-2-БУТАНОН и ИОНОН

Смесата на овие две молекули дава многу пријатен мирис. Бутанонот е молекулата воглавно одговорна за мирисот на зрелите малини. Свежиот нов мирис на свежо береното овошје се должи воглавно на иононот, кој исто така е одговорен за мирисот на сеното и темјанушката. Иононот е мирисната честичка на маслото од темјанушки.34

 

ФУРИЛМЕТАНЕТИОЛ
Оваа молекула е една од оние одговорни за мирисот на кафето. Стимулирачката активност од кафето се должи на кофеинот. Бојата на зрната од прженото кафе кој ги гледаме од лево, се должи на реакцијата на боење кафено што се случува кога органските супстанци кои содржат азот се загреваат. Привремено заробени во зрната се молекулите одговорни за вкусот и стимулацијата.35

 


ß-КЕРАТИН

Свилата, тривијалното име за ß-кератинот е зацврстната супстанца која ја продуцираат голем број на инсекти и пајаци, највредното нешто од продукцијата на свилената буба, гасеницата на свилениот молец. Таа е полипептид, составен воглавно од глицин, аланин и помали количества од други аминокиселини. ß-кератинските молекули не формираат хеликс; наместо тоа тие лежат една врз друга за да дадат закривени листови на поврзани аминокиселини, со глицин кој се појавува само на една страна на листовите. Потоа листовите се трупаат еден врз друг. Оваа планарна структура се чувствува кога ќе ја допрете мазната површина на свилата.36

Откриено е како вкусот и мирисот се перцепираат и како се формирани; сепак, научниците сèуште не можат да се согласат зошто некои супстанци имаат силен мирис додека други имаат послаб, и зошто некои супстанци имаат добар вкус, а други лош.

Размислете малку. Сме можеле да живееме во свет без никаков вкус или мирис. Бидејќи ние не би имале никаков поим за концептите на вкус и мирис, никогаш не би се случило да ние би посакале да ги поседуваме тие перцепции. Сепак, тоа не е така. Од кафената земја со уникатен мирис доаѓаат стотици типови на ароматични и вкусни овошки, зеленчуци и цвеќиња во илјадници бои, форми и мириси. Зошто тогаш, овие атоми, кои од една страна, се составиле на таков извондреден начин за да ја формираат материја, се комбинираат, од друга страна, да формираат вкус и мирис? Иако ние често ги земаме „здраво за готово“, и не мислиме од каква голема корист ни се тие, тие пријатно придонесуваат на нашиот свет како продукти на извонредна уметност.

Што се однесува на другите живи суштества, некои јадат само трева и некоја друга храна. Секако, ништо од ова има убав мирис, ниту пак добар вкус. И покрај тоа, тоа не им значи многу на тие живи суштества бидејќи немаат никаква свест, во смисла на тоа што луѓето го имаат. Ние исто така, би можеле да се храниме од само една хранлива материја, како што тие тоа го прават.

Горната слика и припаѓа на една молекула што мириса лошо, а онаа од лево на ароматична молекула. Како што можеме да видиме, она што го разликува лошиот мирис од пријатниот се оние мали разлики во микрозом што за нас се невидливи.

Дали некогаш сте помислиле колку обичен и безвкусен би бил вашиот свет ако би морале да јадете еден ист тип на храна цел живот, и ако би пиеле само вода? Затоа, вкусот и мирисот, како и другите благослови, се убавините што Алах, сопственикот на бесконечната благодет и дарежливост, му ги дал на човекот во замена за ништо. Отсуството на овие две чувства, би му го направил животот на човекот навистина здодевен. Во замена за сите овие благослови му се дадени, она што му паѓа на памет на човекот е да се обиде да стане личност со која Алах би бил задоволен. Во замена за неговото однесување, неговиот Бог му верува вечен живот, што е безгранично направен со благослови далеку поголеми од оние што ни се претставени на земјата како примери за уживања кои ќе дојдат во она што следи. Сепак, надокнадувањето на животот кој се троши неблагодарно, безгрижно и запоставувачки кон Алах, ќе биде сигурно само едно:

И кога Господарот твој возгласи: „Да, ако сте благодарни ќе ви зголемам, а ако не сте благодарни ... казната Моја е жестока, навистина!“(Сура Ибрахим: 7)

Како ја Приемаме Материјата?

Она што го зборувавме досега ни откри дека она што ние го нарекуваме материја не е нешто што има одредена боја, мирис и форма, како што ние веруваме дека е. Она што ние го замислуваме дека е материја, што е во нашето тело, нашата соба, нашиот дом и воопшто, целиот свет и целиот универзум, во реалноста не е ништо друго освен енергија. Што е она што го прави сè околу нас видливо и допирливо?

Причината зошто ние ги приемаме нештата околу нас како материја е судирот на електроните во орбиталите на атомите со фотони и атомското привлекување и одбивање еден од друг.

Вие дури не ја допирате книгата што мислите дека ја држите во вашите раце сега... Во реалноста, атомите на вашата рака се одбиваат со атомите на книгата и вие чувствувате чувство на допир во зависност од интензитетот на ова одбивање. Како што споменавме кога зборувавме за структурата на атомите, тие можат да се приближат најмногу колку што е дијаметарот на атомот. Но, единствените атоми кои можат да дојдат толку блиску се атомите кои реагираат еден со друг. Затоа, веќе кога атомите на истата супстанца никако да се допрат, толку е поневозможно за нас да ја допреме супстанцата што ја држиме, стискаме или ја подигаме со нашата рака. Всушност, ако можеме да се приближиме толку до предметот во нашата рака, би биле вклучени во хемиска реакција со тој предмет. Во овој случај, би било невозможно да човечкото суштество или било кое друго живо суштество да преживее дури и за секунда. Живото суштество веднаш би реагирало со супстанцата на која згазило, седнало или се потпрело и би било трансформирано во нешто друго.

Крајната слика која излегува во оваа ситуација, е извонредна: живееме во свет што е 99.95% составен од празнина исполнета со атоми кои скоро во целост содржат енергија.37 Ние всушност никогаш не ги допираме нештата за што велиме дека „ги допираме и ги држиме.“ Тогаш, до кој степен ја приемаме материјата која ја гледаме, слушаме или мирисаме? Дали овие супстанци се навистина такви, какви што ги гледаме или слушаме? Воопшто не. Се осврнавме на овој момент кога зборувавме за електроните и молекулите. Запомнете, буквално е невозможно за да ние ја гледаме материјата за која веруваме дека постои и дека ја гледаме, заради тоа што феноменот што ние го нарекуваме гледање, се состои од одредени слики формирани во нашиот мозок од фотони кои доаѓаат од сонцето, или од друг светлосен извор, ја удираат материјата, која апсорбира одреден дел од светлината што доаѓа и го оддава останатото, што оттаму е ре-емитувано од материјата и ни удира во очите. Тоа значи дека материјата која ја гледаме се состои само од информацијата која се носи од фотоните што се одбиени до нашето око. Така, колку од податоците поврзани со материјата се донесени до нас со оваа информација? Немаме доказ дека оригиналните форми на материјата која постои надвор од нас се наполно откриени за нас.

Горната слика и припаѓа на една молекула што мириса лошо, а онаа од лево на ароматична молекула. Како што можеме да видиме, она што го разликува лошиот мирис од пријатниот се оние мали разлики во микрозом што за нас се невидливи.


   
 
 
    

31. Martin Sherwood & Christine Sulton, The Physical World, Oxford University Press, 1988, p. 30
32. Structure of Matter, The Times Inc. Book Company, 1992, p. 76
33. P.W.Atkins, Molecules, Scientific American Library, p. 115
34. P.W.Atkins, Molecules, Scientific American Library, p. 128
35. P.W.Atkins, Molecules, Scientific American Library, p. 130
36. P.W.Atkins, Molecules, Scientific American Library, p. 93
37. Taskin Tuna, Uzayin Ötesi Bogaziçi Yayinlari, 1995, p. 166

You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top