Чудото Во Атомот

< <
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 


ПОГЛАВЈЕ 4

АТОМИ КОИ ОЖИВУВААТ

Досега, зборувавме за атомите и како материјата се создава од ништо. Рековме дека атомите се градивните делови на сè било да е тоа живо или неживо. Важно е да се истакне дека атомите се градивните елементи на живите организми, како и на неживите организми. Бидејќи атомите се неживи честички, многу е извонредно за тие да бидат градивните единки на живите организми. Ова е исто така тема која еволуционистите не можат да ја објаснат.

Како што е невозможно да замислиме како каменчиња се соединуваат за да формираат живи организми, така е невозможно да замислиме неживи атми што сами по себе се соединуваат за да формираат живи организми. Замислете карпа и пеперутка; едната е нежива, другата жива. Сепак, кога ќе нурнеме во нивната суштина, гледаме дека и двете се создадени од исти суб-атомски честички.

Следниот пример можеби би бил појасен за неможноста да неживата материја да се трансформира себе си во жива материја: може ли алуминиумот да лета? Не. Ако го замешаме алуминиумот со пластика и бензин, може ли тоа нешто да лета? Секако дека не може. Само ако ги соединиме овие материјали на таков начин за да формираме авион, тогаш можат да летаат. Па, со што може авионот да лета? Дали се крилата? Моторот? Пилотот? Ниту еден од нив не може да лета сам по себе. Всушност, авионот е произведен со склопување во посебен дизајн на различни делови кои сами по себе не можат да летаат. Можноста за летање не произлегува ниту од алуминиумот, ниту од пластиката, ниту од бензинот. Карактеристиките на овие супстанци се важни, но можноста за летање може да се добие само доколку се соединат овие супстанци во многу специјален дизајн. Живите системи не се поразлични. Живата клетка се формира со пореденоста на неживите атоми во многу специјален дизајн. Можностите на живите клетки, како растењето, размножувањето и други, се резултат на совршениот дизајн отколку на својствата на молекулите. Дизајнот што тука го наоѓаме е само Алаховата креација на живото од мртвото:

Алах навистина е расцепувач на зрната и голушките. Он од живо вади мртво, и Он од мртво вади живо. Ете, тоа ви е Алах. Та, каде сте кинисале!? (Сура ел-Ен'ам: 95)

Дали материјалите – како пластиката, алуминиумот и железото што ги гледаме горе – да летаат? Не. Не можат да летаат дури и ако се соединат во едно место. Авионот е направен со соединување на различни нешта, кои сами по себе не можат да летаат, во многу специфичен дизајн. Можноста за летање не произлегува ниту од алуминиумот, ниту од пластиката, ниту од бензинот. Специфичностите на овие супстанци се важни, но можноста за летање може да се добие само со соединување на овие супстанци во многу специфичен дизајн. Живите системи не се поразлични. Живата клетка е формирана со пореденоста на неживите атоми во многу специфичен дизајн.

Само Алах, Сèмоќниот и Мудриот може да дава живот на неживата супстанца, тоа значи, да создаде живо суштество. Живите системи имаат такви комплексни структури што сèуште не е наполно разбрано како тие функционираат и покрај технолошките капацитети што се овозможени денес.

Сепак, постои реалност што се разбира со помош на науката што има невиден напредок придружен со моќна технологија што се развивала на вчудоневидувачки начин во 20от век. Живите суштества имаат извонредно комплексни структури. Кога теоријата на еволуцијата се развивала во средината на 19от век, научните истражувања водени со примитивни микроскопи тогаш го создале впечатокот дека клетката е само едноставно делче од материјата. Во 20от век, сепак, набљудувањата и истражувањата направени со употребата на напредни инструменти и електронски микроскопи откриле дека клетката, која е градивната единка на живите нешта, има екстремно комплексна структура што можела да се формира само како резултат на совршен дизајн. Најважно, ова истражување покажало дека е апсолутно неможно за животот да се создаде спонтано од нежива материја. Изворот на животот е самиот живот. Овој факт е докажан исто така, и експериментално38. Ова е проблем што еволуционистите никогаш не можеле да го решат. За ова причина, наместо презентирање на научен доказ, реномирани научници на еволуцијата, кои се наоѓаат во еден голем ќорсокак, кажуваат приказни што се еднакви на ништо друго освен завеси. Тие искажуваат сосема нелогични и ненаучни тврдења дека материјата има свест, можност и волја сама по себе. Сепак, тие ни самите не веруваат во овие абсурдни приказни и конечно се присилени да признаат дека главните прашања што треба да се одговорат, не можат да се одговорат научно:

Некогаш пред нашиот живот, постоело време кога Земјата била пуста и потполно запуштена. Нашиот свет сега е преполн со живот. Како тоа се случило? Како, во отсуството на живот, јаглеродно-базираните органски молекули се направени? Како првите живи нешта се подигнати? Како животот еволуирал за да произведе нешта, толку сложени и комплексни како ние, кои можат да ја истражуваат мистеријата на нашето сопствено потекло?39

Неверојатната еволуционерна мистерија сега е како материјата постоела и еволуирала, зошто ја завзела денешната форма во универзумот и на земјата, и зошто е можна да се формира во форма на комплексни живи множества од молекули.40

Како што еволуционерниот научник горе признава, главната цел на теоријата на еволуцијата е да порекне дека Алах ги создал живите нешта. Иако Вистината на Создавањето е очигледна во секоја точка од универзумот, и дефинитивно е покажано дека секој детал е исто така продукт на дизајн премногу совршен за да биде создаден случајно, еволуционистите се прават слепи за овој факт и тонат во интелектуални „волшебни кругови“ (circulus vitiosus).

Како не верувате во Алах...? Бевте мртви, па Он ве оживи; потоа пак ќе ве усмрти, потоа пак ќе ве оживи, а потоа Нему ќе Му се вратите. (Сура ел-Бекара: 28)

Наместо да веруваат во оваа вистина, сепак, еволуционерните научници преферираат да зборуваат за талентите на мртвата материја и како неживите тела се трансформирале во живи организми. Додека ги затвораат очите за вистината, овие научници незнаејќи се срамат самите себе. Очигледно е дека тврдењето дека атомите имаат некаква си дарба и дека тие ја користат оваа дарба да се трансформираат себе си во живи системи нема ништо со реалноста.

По читањето на примерот, што сега ќе го цитираме, вие самите ќе одлучите колку реални се овие ирационални приказни. Ова е сценариото кое го тврдат еволуционистите, опишувајќи ја трансформацијата на неживите и несвесните атоми во живи организми, и позначајно, во луѓе со високи нивоа на свест и интелегенција.

По Големата Експлозија, атомите, содржејќи прецизно врамнотежени сили, некако самите се создале. Додека некои од атомите, адекватни по број за да го формираат целиот универзум, ги формирале ѕвездите и планетите, некои други ја формирале земјата. Некои од атомите кои ја формирале земјата прво ја формирале почвата, а подоцна, одеднаж одлучиле да ги формираат живите суштества! Овие атоми прво се трансформирале самите себе во клетки со високо комплексни структури и потоа произвеле копии од клетките кои ги формирале со поделба на две, по што тие почнале да зборуваат и слушаат.

Очигледно е колку е безсмислена горната скица. Сите знаат денес, дека камењата или каменчињата во природата не се трасформираат спонтано во жаби или риби. Несомнено, не е можно да животот се формира од нежива амтерија. Ова се коси со теоријата на релативноста од самите нејзини корени, која тврди дека животот настанал од неживата материја случајно.

Соодветно, овие атоми се трансформирале во универзитетски професори кои се гледаат себе си под електронски микроскоп и тврдат дека случајно се создадени. Некои атоми се соединиле за да формираат градежни инженери кои конструираат мостови и облакодери, додека некои други се соединиле за да произведат сателити, вселенски бродови а други се специјализирале во дисциплините физика, хемија и биологија. Атомите како јаглеродот, магнезиумот, фосфорот, калиумот и железоо се соедизниле, за да формираат, наместо темна маса, совршени мозоци со извонредна сложеност, тајните кои сèуште наполно не се откриени. Овие мозоци почнале да гледаат 3-димензионални слики со совршена резолуција сèуште не достигната од било која технологија. Некои од атомите формирале комедијанти и се смееле на смешките кои комедијантите ги кажувале. А други, пак, атоми компонирале музика и уживале слушајќи ја.

ДОДЕКА АТОМИТЕ ПРОУЧУВААТ АТОМИ
Според тврдењето на еволуцијата, атомите што се формираат случајно се трансформирале во универзитетски професори и се гледаат себе си под електронски микроскоп, тврдат дека тие се формирани случајно. Несомнено, на вакво тврдење не би верувало ни најмалото дете.

 

Невозможно е да ја продолжиме оваа приказна, но ајде да сопреме тука, и да направиме експеримент за да покажеме дека таква приказна никогаш не би можела да се реализира. Ајде да ги оставиме еволуционистите да стават атоми, колку што е потребно за да ги формираат сите елементи кои го прават животот, во едно буре. Нека го додадат во бурето сèто она што мислат дека е потребно за овие атоми да се соединат и да ја формираат органската материја, и нека чекаат. Нека чекаат за 100 години, 1000 години, а ако е и потребно, и 100 милиони години префрлајќи ја одговорноста од татко на син. Дали еден професор би излегол од бурето еден ден? Секако дека нема. Без разлика на тоа колку долго чекаат, професор нема да излезе од ова буре. Не само што нема да излезе никаков професор, но никакво живо суштество нема да излезе од ова буре. Ниту птици, риби, пеперутки, јаболка, слонови, роси, јагоди, портокали, темјанушки, дрва, мравки, пчели ниту најмал комарец не би излегол, бидејќи дури и да милиони парчиња органска материја се соединат, никогаш не би ги добиле спонтано карактеристиките на жива материја.

Сега да видиме доколку несвесните атоми можат спонтано да ја формираат DNA молекулата, основата на животот, и протеините.

DNA (деоксирибонуклеинската киселина) која е лоцирана во јадрото на клетката, содржи кодови кои ги носат информациите за сите органи и сите карактеристики на телото. Овој код е толку сложен, што научниците можеле да го преведат и тоа во многу ограничена смисла, дури во 1940тите години. DNA, која ги содржи сите информации за живото суштество на кое му припаѓа, исто така може да се размножува самата себе. Како молекула која е формирана со составување на атоми може да содржи информации и како таа се размножува со копирање на самата себе си, останува едно од неодговорените прашања.

Протеините се градивните елементи на живите суштества и тие играат клучна улога во многу витални функции на организмот. На пример, хемоглобинот го транспортира кислородот насекаде низ нашето тело, антителата ги пропуштаат безопасните микроорганизми кои влегуваат во телото, и ензимите ни помагаат да ја дигестираме (свариме) храната што ја јадеме и ја претвораат во енергија.

DNA - молекулата што ја содржи информацијата на живите клетки во совршен кодирачки систем има екстремно комплексна структура. Безгрешната структура на оваа молекула во целост го поништува тврдењето на еволуционистите дека била формирана случајно.

 

И сè што е на небесата и на Земјата го слави Алаха. Он е Силен и Мудар! Власта на небесата и на Земјата е – Негова! Он оживува и Он усмртува! Он е Кадар за сè! (Сура ел-Хадид: 1-2)

Формулите кои се наоѓаат во нашата DNA го овозможуваат производството на 50.000 различни типови на протеини. Бидејќи е очигледно, протеините се многу значајни за преживувањето на живото суштество и отстутвото на дури и еден од овие протеини би го направиле животот невозможен за тоа живо суштество. Научно е невозможно да DNA и протеините, секој како голема молекула, се формираат спонтано како резултат на чиста случајност.

DNA е серија од нуклеотиди подредени со специјален редослед. Протеин е серија од аминокиселини повторно подредени со специфичен редослед. Најпрво, математички е неможно нити за DNA молекулите нити за протеинските молекули што постојат во илјадници различни типови да го поредат соодветниот редослед кој е потребен за животот, случајно. Пробабилистичките пресметки откриваат дека можноста за дури и една најпроста протеинска молекула да го постигне правилниот распоред е еднаква на нула. (За повеќе информации, видете ја книгата Еволуционерната Измама од Харун Јахја). Како додаток на оваа математичка неможност, постои и важна хемиска пречка за случајната формација на овие молекули. Ако односот меѓу DNA и протеинот се резултат на време, случајност и природни процеси, тогаш би постоела некаква си хемиска тензија за DNA и протеините да реагираат, како киселини и бази со што имаат голема тенденција да реагираат. Во тој случај, ако случајноста имала некаква улога, шеќерната киселина, аминефосфорската киселина и цел низ на други природно хемиски реакции би се случил меѓу случајни фрагменти на DNA и протеините и живите суштества што денес ги гледаме не би се формирале.

Дали оваа природна тенденција на DNA и протеинските фрагменти да хемиски реагираат, предлага дека времето, случајноста и законите на хемијата конечно би произвеле живот од некоја смеса од овие молекули? Не. Токму спротивното. Проблемот е во тоа дека овие природно хемиски реакции се погрешните реакции што се однесува до живите системи. Препуштени на времето, случајноста и нивните сопствени хемиски тенденции, DNA и протеините реагираат на начин што го уништуваат живиот систем и би го спречиле било кој постоечки развој на живот.41

На Алах му прави сеџде сè она што е на небесата и она што е на земјата – сè што е живо. А и мелеките кои не се дујат, се плашат од Господарот свој кој е над нив и го работат она што им е наредено. (Сура ен-Нахл: 49-50)

Како што се гледа, апсолутно е невозможно за DNA и протеините, што во никој случај не можат да се формираат случајно, да бидат оставени без контрола за да го формираат животот според нивните сопствени формации. Жан Гуитон (Jean Guitton), современ филозоф, се осврнал на оваа неможност во неговата книга со наслов Dieu et la Science (Бог и Науката), тврдејќи дека животот не би можел да се формира како резултат на случајности:

Следејќи ја која „случајност“ одредени атоми се привлекле еден со друг за да ги формираат првите молекули на аминокиселините? Повтрно, преку која случајност овие молекули се соединиле за да ја формираат онаа исклучително сложена структура наречена DNA? Го поставувам ова просто прашање како што и биологичарот Франсоа Жакоб (François Jacob): Кој ги подготвил плановите на првата DNA молекула за да ја даде првата порака што водела кон раѓањето на првата жива клетка?

Ако човек е задоволен со претпоставките кои вклучуваат случајности, овие прашања – и многу други – остануваат неодговорени; ова е она, заради што за последните неколку години, биологичарите почнале да ги променуваат нивните погледи. Високите истражувачи не се задоволни од прераскажувањето на Дарвиновите закони без размислување, како папагал; тие произлегле со нови зачудувачки теории. Овие се теориите базирани на идејата дека организирачки принцип што е очигледно надмоќен над материјата е вклучен во процесот.42

Како што истакна Жан Гуитон, науката стигнала до точка, во светлоста на истражувањето и научните откритија направени во 20от век, што научно е утврдено дека Дарвиновата теорија нема никаква точност. Американскиот биолог Мајкл Бехе (Michael Behe) го истакнува ова во неговата позната книга Дарвиновата Црна Кутија (Darwin’s Black Box):

Науката направила енормен прогрес во разбирањето на тоа како работи хемијата на животот, но елеганцијата и комплексноста на биолошките системи на моелкуларнониво го парализирале обидот на науката да ги објаснат нивните потекла. Не постои скоро никаков обид кој ќе посведочи за потеклото на специфичните, сложени биомолекуларни системи, уште помалку каков и да е напредок. Многу научници храбро потврдиле дека објаснувањата се веќе пред нас, или ќе бидат порано или подоцна, но не може да се најде никаква поддршка на овие тврдења во професионалната научна литература. Поважно, постојат задолжителни причини – базирани на структурата на самите системи – за да се мисли дека Дарвиновото објаснение за механизмите на животот засекогаш ќе биде докажано дека е несфатливо.43

Како што и целиот универзум бил создаден од ништо, така и живите суштества се создадени од ништо. Бидејќи ништо не може да настане од ништо случајно, неживата материја случајно да се комбинира за да ги формира живите суштества. Само Алах, Сопственикот на бесконечната сила, бесконечната мудрост и бесконечното знаење, ја има моќта да го направи сèто ова:

Господарот ваш, навистина, е Алах кој ги создаде небесата и Земјата за шест дена, а потоа се утврди на Аршот. Он го покрива денот со ноќ, а ноќта веднаш го бара денот. И Сонцето и Месечината и ѕвездите...потчинети се на наредбата Негова. Создавањето и Наредбата се – само Негови! Славен нека е Алах, Господарот на световите (Сура ал-А'раф: 54).


   
 
 
    

38. Henry M. Morris, Impact No. 111, September 1982
39. Carl Sagan, Cosmos, Random House, April 1983, p.24
40. C. D. Darlington, Evolution for Naturalists (NY, John Wiley, 1980) p.15
41. Dr. Gary Parker, Impact No: 62, August 1978
42. Jean Guitton, Dieu et La Science: Vers Le Métaréalisme, Paris: Grasset, 1991, p.38
43. Michael Behe, Darwin’s Black Box, Free Press, 1996, p.x

You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top