Чудото Во Атомот

< <
'#"  "" - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 


ПОГЛАВЈЕ 5

МОЌТА НА АТОМОТ

Знаеме како атомите, градивните елементи на целиот универзум и сè во него, живо-неживо, ја формираат материјата на необичен начин. Како што испитавме, овие екстремно мали честички совршена организација во нив. Сепак, чудесниот аспект на атомот не застанува тука; атомот исто така е дом за голема енергија.

Оваа моќ скриена во атомот е толку голема што нејзиното откритие му овозможило на човекот да изгради огромни канали кои поврзуваат океани, да копаат низ планините, да создадат вештачка клима и да ги следат многу слични корисни проекти. Сепак, додека силата скриена во атомот му служи на човештвото од една страна, таа поседува и огромна опасност за човештвото, од друга страна. Толку е таа опасна, што со погрешната употреба на оваа сила, десетици илјади ги губат нивните животи за многу кратко време – неколку секунди – во Хирошима и Нагасаки за време на Втората Светска Војна. Во скорешните години, несреќа која што се случи во Чернобил нуклеарната централа во Русија предизвика смрт или повреда на голем број луѓе.

Пред давањето на деталираните информации за несреќите на моќта на атомот што се предизвикани во Хирошима, Нагасаки и Чернобил, да ја погледнеме накратко природата на оваа сила во атомот и како таа е ослободена.

Моќта Скриена во Јадрото

Во поглавјето насловено „Формационата Авантура на Атомот“, рековме дека силата која ги држи заедно протоните и неутроние е „силната јадрена сила“. Огромната моќ на нуклеарната енергија се открива со ослободување на мал дел од оваа сила во јадрото. Големината на енергијата се разликува зависно од типот на елкементот, бидејќи бројот на протоните и неутроните во јадрото на секој елемент е различен. Како што јадрото расте, бројот на неутроните и протоните и големината на силата која ги врзува еден за друг исто така се зголемува. Екстремно е тешко за да се ослободи оваа сила што е одговорна за сврзувањето на протоните и неутроните во големо јадро. Како што честичките го зголемуваат нивното растојание, тие, исто како затегнат лак, се обидуваат да се зближат со поголема сила.

Пред да се впуштиме во детали за оваа сила, да размислиме за ова. Како може толку голема сила да се собере во толку мало место? Оваа е таква сила која е откриена по години на истражување водено од илјадници луѓе. Кога не се меша, таа не прави никаква штета никому, сепак, со интервенцијата на човекот, таа може во било кое време да стане сила која убива милиони луѓе.

Два технички процеси наречени фисија и фузија ја ослободуваат оваа вчудоневидувачка сила во јадрото на атомот, што може да ги стави во опасност животите на милиони луѓе. Иако овие реакции на прв поглед изгледаат дека се случуваат во јадрото на атомот, тие всушност ги вклучуваат сите компоненти на атомот. Реакцијата позната како фисија е јадрена реакција во која атомското јадро се дели на делчиња, а реакцијата наречена фузија е спојувањето на две јадра со голема сила. Во било која реакција, се ослободува огромно количество енергија.

1- Неутрон
2- Ураниум
3- Криптон 91
4- Бариум 142
5- Неутрон
6- Неутрон

Фисијата е реакција во која атомското јадро се дели на делчиња. Како што е покажано на сликата, атомот на ураниумот 235 кој е приморан да се судри со неутрон, се дели за да ги формира атомите на криптон 91 и бариум 142. Како резултат на овој судир, гама зраци исто така се ослободени во формирмирањето на енергијата.

Фисија

Фисијата е јадрена реакција во која атомското јадро, кое се држи сврзано од најсилната сила во универзумот, „Силната Јадрена Сила“, се дели на делчиња. Главниот материјал кој се користи во фисионите експерименти е „ураниумот“ бидејќи атомот на ураниум е еден од најтешките. Со други зборови постојат голем број на протони и неутрони во неговото јадро.

Во фисионите експерименти, научниците погодиле неутрон во ураниумовото јадро со голема брзина. Тие се соочиле со многу интересна ситуација. Откако неутронот е апсорбиран од ураниумовото јадро, ураниумовото јадро станало многу нестабилно. Станувањето „нестабилно“ на јадрото значи дека формирањето на разликата меѓу броеви на протони и неутрони во јадрото што резултира во дисбаланс во неговата структура. Оттаму, јадрото почнува да се дели на делчиња додека се емитира одредено количество енергија за да се отстрани оваа нерамнотежа. Јадрото, под дејство на енеријата која се ослободува, почнува да ги отфрлува компонентите кои ги содржи со голема брзина.

Во однос на резултатите кои овие експерименти ги произвеле, неутроните биле забрзани и ураниумот бил бомбандиран со неутрони во посебни средини наречени „реактори“. Сепак, ураниумот се бомбандира со неутрони според многу фина мерка, не случајно, бидејќи било кој неутрон кој бомбандира ураниумов атом мора веднаш да го удри ураниумот на посакуваното место. Заради ова тие експерименти се водат земајќи ја секоја можност в предвид. Количеството на ураниумот што се користи, количеството на неутроните употребени за бомбандирање на ураниумот, и траењето и брзината со која неутроните ќе го бомбандираат ураниумот сите треба внимателно да се пресметаат.

Откако ќе се направат сите овие пресметки и ќе се подготви соодветната средина, јадрото се бомбандира со неутрони на таков начин што тие пенетрираат во јадрата на атомот на ураниумот. Доволно е дека јадрото на барем еден од атомите во оваа маса се дели на две. Во оваа поделба, пртосек од два или три неутрони се испратени од масата на јадрото со голема брзина и висока енергија. Неутроните што се ослободуваат започнуваат синџир на реакции со судирање со други ураниумови јадра во рамките на масата. Секое ново поделено јадро, се однесува исто како првобидното ураниумово јадро. Со тоа, започнува синџир на јадрени реакции. Голем број на ураниумови јадра се поделени на делчиња како резултат на вовие синџирни реакции, предизвикувајќи огромно количество на енергија да биде ослободено.

Тоа бе аовие јадра што ги предизвикаа катастрофите во Хирошима и Нагасаки, предизвикувајќи ја смртта на десетици илјади луѓе. Во моментот на детонацијата на атомската бомба фрлена на Хирошима од Соединетите Држави во 1945 година, за време на Втората Светска Војна, и во периодот што следеше, околу 100.000 луѓе умреа. Друга бомба фрлена на Нагасаки од Америка, три дена по катастрофата во Хирошима, ја предизвика смртта на други 40.000 луѓе точно во моментот на детонацијата. Додекја силата ослободена од јадрото ја предизвикала смртта на многу луѓе, таа исто така уништила огромен животен простор, и дала пораст на многу непоправливи генетички и физиолошки пореметувања во останатите граѓани на таа област, заради радијацијата која била ослободена, што имала дејство врз генерациите што доаѓале.

Ако нашата земја, целата атмосфера, сè живо и неживо, вклучувајќи не и нас, сме составени од атоми, што ги спречува атомите да бидат вклучени во нуклеарни реакции како оние во Хирошима и Нагасаки, што можат да се случат билокога и билокаде?

Неутроните се создадени на тој начин, што кога се слободни во природата – без да бидат во јадрото – се подложни на распаѓање наречено „бета распаѓање“. Заради ова распаѓање, слободни неутрони не шетаат во природата. Затоа, неутроните што се користат во нуклеарните реакции мораат да се добијат преку вештачки методи.

Со ова станува јасно дека, Алах, Создателот на целиот универзум, создал сè со прецизна мерка. Ако неутроните не би се распаѓале во слободната состојба, земјата не би била ништо освен ненаселиво сферично небеско тело каде би се случувале безброј нуклеарни реакции. Алах го создал атомот заедно со оваа колосална сила во него и ја оддржува оваа сила под контрола на феноменален начин.

Фузија

Нуклеарната фузија, спротивното на фисија, е процесот на соединување на две лесни јадра за да формираат потешко јадро и користејќи ја сврзувачката енергија која се ослободува со тоа. Епак, за да се постигне ова во контролирани услови е многу тешко. Ова е заради тоа што, јадрата носат позитивни електрични набои и се одбиваат едно со друго многу силно ако се присилени да дојдат едно до друго. Затоа, сила доволно силна да ја совлада одбивната сила меѓу нив мора да се користи за да ги предизвика нив да се сврзат. Оваа потребна кинетичка енергија е еднаква на температура од 20-30 милиони степени.44 Ова е вчудоневидувачки висока температура и никаков цврст материјал кој се користи за да ги содржи честичките кои ќе бидат вклучени во фузиската реакција не може да ја поднесе оваа температура. Тоа значи, не постои механизам на земјата што е можен да се реализира оваа фузија освен со топлината на атомската бомба.

Фузиски реакции се случуваат под сонцето во секое време. Топлината и светлината која доаѓа од сонцето е резултат на водородот кој се фузионира со хелиумот и енергијата која се ослободува наместо материјата се губи за време на оваа конверзија. Секоја секунда, сонцето претвара 564 милиони тони водород со 560 милиони тони хелиум. Останатите 4 милиони тони материја се трансформирани во енергија. Овој извонреден настан произведувајќи ја сончевата енергија што е екстремно витална за животот на нашата планета, продолжувал со милиони години без престан. Ова може да ни го предизвика прашањето: Ако толкаво големо количество на материја како 4 милиони тони се губи во сонцето за една секунда, тогаш дали сонцето не би било наполно испразнето?

 

Нуклеарната фузија, спротивната на фисијата, е процесот на соединување на две лесни јадра за да формираат потешко јадро и на користење на сврзувачката енергија која се ослободува со тоа. Јадрата во ѕвездите се фузионираат кога се судруваат. Нови јадра се формираат, и неутрино, позитрони, неутрони, протони и други суб-атомски честички се ослободуваат како енергија.

Изворот на големата енергија во ѕвездите е во тие нуклеарни фузии.

Continuation of text from page 109:

Сонцето губи 4 милиони тони материја во секунда, 240 милиони тони на минута. Ако претпоставиме дека сонцето произведувало енергија во овој однос за 3 милијарди години, масата која ја изгувило за време на овој период би била 400.000 милиони пати милиони тони, што е еднакво на 5000ти дел од целосната сегашна маса на сонцето. Оваа количина е како еден грам песок да се губи на 5 килограмска карпа за 3 милијарди години. Како што ова ги разјаснува работите, масата на сонцето е толку голема што многу долго време мора да помине пред да заврши со постоењето.

Човекот го открил само составот на сонцето и настаните кои се случуваат во него во овој век. Порано, никој не знаел за феноменот како нуклеарни експлозии, фисија или фузија. Никој не знаел како сонцето ја произведувало енергијата. Сепак, додека човекот не бил свесен за сèво ова, сонцето секогаш било енергијата на земјата и животот, за милиони години со овој неверојатен механизам.

Сега, навистина чудната работа е дека нашата земја е поставена на точна раздалеченост од сонцето – извор на енергија кој поседува енормна маса – што не е изложен ниту на горење, деструктивна сила, ниту е во недостаток од корисната енергија која ја обезбедува. На ист начин, сонцето, кое поседува таква енормна сила и енергија е создадено на растојание, со силата и големината што е перфетна за целиот живот на земјата, и пред сè човекот.

Илјадници луѓе ги загубиле нивните животи за неколку секунди преку ослободувањето на енормната сила скриена во јадрото на атомот.

Оваа гигантска маса, и неверојатните нуклеарни реакции што се случуваат во неа, ги извршувала своите активности за милиони години во совршена хармонија со земјата и на најконтролираниот начин. За да се разбере каков извонреден, контролиран и врамнотежен систем е тоа, добро е само да се запомни дека човекот е немоќен да контролира ниту една едноставна нуклеарна централа која ја создава. Никој научник, ниту технолошка опрема можела да ја спречи нуклеарната несреќа која се случила во реакторот во Чернобил во Русија во 1986 година. Речено е дека дејството на оваа нуклеарна несреќа ќе трае 30-40 години. Иако научниците ги покриле загадените сектори на реакторот со енормно дебел бетон за да спречат понатамошна штета, подоцна е објавено дека постојат протекувања во бетонот. Не само нуклеарни експлозии, туку и нуклеарни протекувања се екстремно опасни за човековиот живот и науката е немоќна против оваа закана.

На оваа точка стоиме гледајќи ја бескрајната сила на Алах и неговиот суверенитет врз секоја честичка (атом) во универзумот и суб-атомските честички во рамките на оваа честичка (протоните, неутроните...). Алаховата моќ и суверенитет над суштествата што Тој ги создава се истакнати во следниот стих:

Детонацијата остави вечни траги зад себе.

Нуклеарната несреќа што се случи во реакторот во Чернобил во Русија, во 1986 година, имаше вечни ефекти врз човечките суштества и врз сите други живи нешта. Научниците велат дека овие ефекти ќе траат 30-40 години. Мерките за превенција на нуклеарните протекувања не помагаат. Се подготвува студија за елиминација на штетните ефекти на радијацијата.

И во каква положба да се најдеш и што било да кажуваш од Кур’анот, и каква било постапка да преземете, Ние сме, во она што ќе се оддадете, навистина, сведоци. На Господарот твој не ќе му се изземе ни трошка ситна, ниту на Земјата нитуи на небесата, ни помало, ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна! (Сура Јунус: 61)

Ефектите на Атомската Бомба: Хирошима и Нагасаки

Атомските бомби фрлени во последните години на Втората Светска Војна ја откриле на целиот свет извонредната сила скриена во атомот. Двете бомби предизвикале илјадници луѓе да ги загубат нивните животи и оставиле физичка штета за цел живот на многу од преживеаните.

Да видиме како огромната сила во рамките на атомот, која предизвикала смрт на стотици илјади луѓе за неколку секунди, се ослободува секунда по секунда:

Моментот на експлозијата ...

Да претпоставиме дека атомска бомба експлодира на висина од 2.000 метри како што експлодирала во Хирошима и Нагасаки. Неутроните кои го бомбандирале ураниумот и кои ги поделиле првите атоми на делчиња создале синџир реакции во рамките на масата како што е споменато порано. Со други зборови, неутроните исфрлени од првите поделени јадра удираат на други неутрони и ги делат и овие нови неутрони. Со тоа, сите јадра брзо се подлеени во синџирни реакции и експлозијата се случува за многу кратко време. Неутроните се движат толку брзо што бомбата ослободува вкупна енергија од 1.000 милијарди кило калории за време на милионити дел од секундата.

Температурата на гасот, во кој бомбата последователно се претвора, расте до неколку милиони степени и притисокот на гасот се издигнува до еден милион атмосфери.

Илјадити дел од секунда по експлозијата ...

Дијаметарот на детонираната маса на гасот се зголемува и се емитираат различни зраци. Овие радијации го формираат „првата блесок“ од експлозијата. Овој блесок може да предизвика полна слепост на секој кој стои на растојание со дијаметар од десетици километри. Овој блесок е стотоици пати посилен од оној кој се емитира од површината на сонцето (по површинска единица). Времето поминато од почетокот на експлозијата е толку кратко што луѓето блиску до местото на експлозијата не можат дури ни да најдат време да ги затворат нивните очи.

Притисокот на шокот предизвикува тешка штета внатре. Трансмисијата на моќта се трупа оштетувајќи дводелни мостови и облакодери градени од стакло-челик. Во блиската околина на експлозијата, се издига голема количина на прашина како пудра.

2 секунди по експлозијата ...

Блескачката маса и воздухот што ја опкружува формира огнена топка. Топлината што е иззрачена од оваа огнена топка, чија површина е уште екстремно жешка и која блеска како сонцето и уште повеќе, е доволно моќна да го запали секој запаллив материјал во рамките на област од 4-5 километри во дијаметар. Радијацијата на огнената топка може да предизвика непоправливи штети на чувството за вид. Во овој момент, бран од шок кој се движи со многу голема брзина се движи околу огнената топка.

6 секунди по експлозијата ...

Во овој момент, бранот од шок ја удира земјата и ја предизвикува првата механичка штета. Бранот создава моќен воздушен притисок, чиј интензитет се намалува како што се оди подалеку од центарот на експлозијата. Дури околу 1.5 км од оваа точка, додадениот притисок е двојно посилен од нормалниот атмосферски притисок. Шансата да луѓето останат живи на овој притисок е 1%.

13 секунди по експлозијата ...

Бранот од шок се протнува низ површината на земјата и е проследенја од експлозијата креирана од репозиционирањето на воздухот испратено од огнената топка. Оваа експлозија дифундира низ земјата со брзина од 300-400 км на час.

Во меѓувреме, огнената топка се оладила и овој волумен е намален. Заради тоа што е полесна од воздухот, почнува да се подига. Ова движење нагоре предизвикува да се смени насоката на ветерот и предизвикува силен ветер да дува кон цнтарот, иако во почетокот дувал надвор од центарот на експлозијата.

1- Радијација
2- Губи електрон
3- Позитивен јон
4- Негативен јон
5- Добива електрон

Радијацијата може да резултира во многу сериозна штета, со формирање на позитивни јони кога ќе удри и ќе го одземе електронот на надворешната површина на атомот. Електроните формираат негативни јони со врзување со други неутрални атоми.

30 секунди по експлозијата ...

Како што се искачува огнената топка, нејзината сферична форма се вознемирува и ја завзема формата на печурка.

2 минути по експлозијата ...

Облакот во облик на печуркасега ја достигнал висината од 12.000 метри. Ова е долната граница на стратосферскиот слој на атмосферата. Ветровите кои дуваат на оваа висина предизвикуваат да облакот во вид на печурка се распадне и компонентите на облакот (воглавно радиоактивни остатоци) да се распрскаат низ атмосферата. Бидејќи овие радиоактивни остатоци се состојат од многу мали честички, можат да се подигнат до повисоки слоеви во атмосферата. Пред да паднат на земјата, овие остатоци може да патуваат неколку пати околу земјата со ветровите што дуваат во високите слоеви на атмосферата. Со тоа, радиоактивните остатоци може да се распрснат низ целиот свет.

Радијацијата Емитирана Од Атомот

Радијацијата се состои од гама зраци, неутрони, електрони и слични суб-атомски честички кои се движат со многу големи брзини како 200.000 км на секунда. Овие честички можат лесно да навлезат во човековото тело и да ги повредат клетките кои го формираат телото. Оваа штета може да предизвика фатален рак или, ако се зафатат органите за размножување, може да предизвика генетски пореметувања што ќе влијаат врз генерациите што доаѓаат. Со тоа, резултатите на радиоактивната честичка што удира на човечкото суштество се многу сериозни.

Радијацијата ослободена во атомските експлозии делува врз живите суштества или директноили преку продуктите на радиоактивното распаѓање што излегуваат за време на експлозијата.

Како една од овие честички или зраци патуваат со висока брзина во материјата, многу силно се судираат со атоми или молекули што им се наоѓаат на патот. Овој судир ме да биде катастрофален за струтурата на клетката. Клетката може да умре, или, дури и ако се опорави, таа може да почне да расте на неконтролиран начин – што е рак – можеби недели, месеци или години подоцна.

Радијацијата е многу интензивна во област од 1.000 метри во дијаметар околу центарот на експлозијата. Оние кои ќе ги преживеат другите фатални фактори ги губат скоро сите бели крвни клетки во крвта, рани се појавуваат на нивната кожа, и сите од нив умираат заради хеморагија во краток временски период од неколку дена до две до три недели. Ефектот на радијација на точките подалеку од експлозијата варира. Оние кои се изложени на овие штетни зраци емитирани од огнената топка на растојанија од 13, 16 и 22 км страдаат од рани од трет, втор и прв степен, соодветно. Проблемите во системот за варење и хеморагијата помалку се очекуваат, но вистинските пореметувања се огледуваат подоцна: губење на коса, изгореници на кожата, анемија, стерилитет, абортуси, раѓање на осакатени или деформирани бебиња. Во овие случаи, исто така, смртта е можна во период од десет дена до три месеци. Дури и во годините подоцна можат да се појават видливи пореметувања, леукемија и радијационен рак. Еден од најголемите опасности на експлозијата на водородната бомба (друга нуклеарна бомба со огромна разрушувачка моќ предизвикана од фузијата на јадрата на различните изотопи на водород во формирањето на јадрата на хелиум) е влезот на радиоактивната прашина во телото преку дишењето, варењето и кожата. Оваа прашина ги предизвикува горе-споменатите пореметувања во зависност од степенот на загаденост.

Неверниците зборуваат: „Нема да ни дојде Часот!“ Кажи: „Да, се колнам во Господарот мој, дека ќе ви дојде, сигурно!“ Он е Зналец на тајната. Ни на небесата ни на Земјата ништо ни колку голушка, не може да Му се скрие; ни помало од тоа ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна. (Сура Себе: 3)

Сите тие се предизвикани од атоми, што ние не можеме да ги видиме со голо око. Атомите можат да го формираат животот, но исто така и да го уништат. Ова својство на атомот ни покажува многу јасно колку сме безпомошни и колку е врховна Алаховата сила.


   
 
 
    

44. Théma Larousse, Tematik Ansiklopedi Bilim ve Teknoloji, p. 300.

You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top