Чудото Во Атомот

< <
9 / total: 9
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 


ЗАКЛУЧОК

Вашето тело е направено од атоми, вие што дишете атоми во воздухот, јадете атоми во храната и пиете атоми во водата. Она што го гледате не е ништо друго освен судир на електрони на атомите во вашето око со фотоните. А што е со она што го чувствувате со допирот? Сензациите се едноставно формирани од атоми во вашата кожа кои ги одбиваат атомите на предметите.

Навистина, скоро секој денеска знае дека неговото тело, универзумот, светот, накратко сè, е составено од атоми. Сепак, можеби, повеќето луѓе досега никогаш не помислиле за тоа каков систем има единката што ја нарекуваме атом. Или, дури и ако помислиле, тие не ја почувствувале потребата да го истражат тоа, бидејќи тие секогаш мислат дека ова ги засега само физичарите.

Човекот, сепак, живее испреплетен во рамките на овој совршен систем низ неговиот живот. Ова е таков систем што секој од овие трилиони атоми кои ја формираат фотелјата на која ние седиме, има ред за кој може да се напише цела книга. Потребни се страници за да се раскаже формацијата, системот и моќта на еден атом. Како што технологијата се развива и нашето знаење за универзумот се зголемува, така се зголемуваат и овие страници.

Тогаш, како се формирал овој ред? Не може да се мисли дека честичките распрснати по Големата Експлозија формирале атом со одлука одеднадеж, а потоа се формирала соодветна средина случајно, и овие атоми се трансформирале во материја. Сигурно е невозможно да се објасни таков систем како случаен. Сè што гледате околу вас па дури и воздухот што не го гледате, се состои од атоми, а постои и многу комплексен сообраќај меѓу овие атоми.

Тогаш кој може да го упати сообраќајот помеѓу атомите? Дали може да сте вие? Ако сметате дека вашето тело се состои само од атоми, тогаш кој од вашите атоми го води другиот атом и кој атом што води? Дали атомите на вашиот мозок што не се поразлични од другите атоми ги контролираат другите? Ако претпоставиме дека атомите во вашиот мозок се директорите, тогаш мора да ги одговориме следните прашања:

* Ако сите атоми кои гоформираат мозокот се директори, како и врз база на што донесуваат одлуки?

* Како трилиони атоми кои го формираат мозокот, соработуваат?

* Зошто еден атом од трилиони се спротиставува на одлуката која се превзема?

* Како атомите комуницираат меѓусебно?

Со оглед на горните прашања, очигледно е нелогична дедукција да се каже дека сите трилиони атоми кои го формираат мозокот се директори.

Така, може ли да биде точно дека само еден од овие трилиони атоми е директорот, а другите се неговите следбеници? Ако веруваме дека еден атом е директорот, тогаш прашањата кои надоаѓаат се:

* Кој атом е директорот и кој го избрал овој атом?

* Каде е мозокот на овој атоим?

* Која е разликата меѓу овој атом и другите?

* Зошто другите атоми безусловно го почитуваат овој атом?

Пред да ги одговориме овие прашања, да искажеме уште едно тврдење: претпоставениот директор – атом, исто така е составен од други честички. Зошто и под кој изговор овие честички се соединуваат за да го формираат овој директор атом? Кој ги контролира овие честички? Бидејќи постои друга волја која ги диктира овие честички, колку би можело да биде правилно за да ја браниме тезата дека овој атом е директорот?

Во овој момент, тврдењето дека еден од овие атоми кои го формираат овој мозок може да биде атомот-директор е безизледно побиено. Како безбројните атоми во универзумот продолжуваат со нивното постоење во потполна хармонија, додека луѓето, животните, растенијата, земјата, воздухот, водата, предметите, планетите, вселената и сè останато е направено од атоми? Кој од овие безбројни атоми може да биде директорот кога секој од нив атоми е направен од суб-честички? За да се направи такво тврдење или на сè да му се придава својството на случајност и да се одрече постоењето на Алах, Кој ги создаде сите светови, е само „ги пренебегнаа, а во себе ги признаваа, дувајќи се и силејќи се.“ (Сура ен-Немл: 14).

Само помислете: човечко суштество, кое е направено од распоред на атоми во различни комбинации се раѓа, се храни со атоми и расте со атоми. Тој потоа чита книги направени од атоми во зграда направена од атоми. Подоцна тој добива диплома направена од атоми на која пишува „нуклеарен инжинер“. Сепак, тој сèуште може да зборува работи како „овие атоми се споиле како резултат на чиста случајност и необичниот систем во нив е формиран случајно.“ Ако ова е така, тогаш од каде потекнува свеста, волјата и интелегенцијата за да се објави таков говор?

Во скоро секоја страница од оваа книга, постојано видовме дека е невозможно за атомот кој ги создава сите живи и неживи нешта во универзумот, да биде формиран само по случајност. Она што ќе го кажеме на оние кои, и покрај сèто она што го кажавме, сèуште мислат дека овој феномен настанал „случајно“ или ја завземал неговата сегашна форма преку механизам на „проба и грешка“ нема да бидат поразлични од она што пророкот Ибрахим, нека мир биде на него, им рекол на неверниците:

Не виде ли оној на кој Алах му даде власт како расправаше со Ибрахим за Господарот свој? И кога Ибрахим рече: „Господарот мој е оној кој оживува и усмртува.“ Рече тој: Јас сум тој што оживува и усмртува.“ А Ибрахим рече: „Па Алах, навистина, определува Сонцето да излезе на Исток, а определи тогаш ти тоа да излезе на Запад!“ И остана збунет оној што не веруваше! И Алах не го упатува народот невернички!(Сура ел-Бекара: 258)

Па, благодарноста Му припаѓа на Алах, Господарот на небесата, Господарот на Земјата и Господарот на световите! Величијата и на небесата и на Земјата се – Негови! Он е Силен и Мудар! (Сура ел-Џасие: 36-37)

А они рекоа: Славен нека си! Ние поседуваме знаење само за она за што Ти нè поучи; Ти си, навистина Зналец и Мудар! (Сура ел-Бекара: 32)


   
 
 
    

 

9 / total 9
You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top