Чудото Во Атомот

< <
1 / total: 9
ЧУДОТО ВО АТОМОТ - Harun Yahya

ЧУДОТО ВО АТОМОТ

   

 


ВОВЕД

Зошто?“

Откако ќе се најде одговорот, ова прашање ќе биде клучот до портата која го води човека во сосема различен свет. Тоа е, во исто време, тенка линија која ги дели оние кои знаат од оние кои не знаат.

Во светот во кој живееме, човештвото е зафатено во постојано барање на одговорите за многу прашања како „што?, „како?“ и „на кој начин?, и може да се направи само мал напредок во нивното одговарање. Малку е веројатно за човек да го најде својот пат до вистината, освен ако не си го постави прашањето „зошто?“ за необичниот ред и рамнотежа со кои тој е во интеракција.

Во оваа книга, ќе се занимаваме со темата за „атомот“, основната честичка (ground-work) на секое живо и неживо нешто. Откако ќе видиме што се случува и на кој начин се случува тоа во атомот, ќе го бараме одговорот на прашањето „зошто?“ Одговорот на ова прашање ќе нè одведе до вистината која ја бараме. Ќе го најдеме одговорот на ова прашање во Кур' анот, боженствениот водич што ги содржи објасненијата за сè.

Уште од првата половина на 19-тиот век, илјадници научници работеле денови и ноќи, за да ги откријат тајните на атомот. Овие истражувања кои ја откриле формата, движењето, структурата и другите својства на атомот ги уништиле самите основи на класичната физика, која претпоставувала дека материјата е ентитет без почеток и крај, и ги положиле основите на модерната физика. Тие исто така поставиле и многу прашања.

Многу физичари, барајќи ги одговорите на овие прашања, конечно се согласиле дека постои совршен ред, непогрешлива рамнотежа и свесен дизајн на атомот, како сè друго во универзумот.

Вистината е откриена во Кур' анот пратен од Алах пред четиринаесет векови. Како што е разјаснето во стиховите од Кур' анот, целокупниот универзум функционира според совршен ред бидејќи земјата, небото и сè помеѓу е создадено од Алах, Кој има вечна моќ и мудрост.

Секако не е ни чудно дека сè што е создадено од Алах има необична совршеност и работи според безгрешен ред. Она што претставува вистинско изненадување е човековата недопустлива безчуствителност кон бројните чуда што ги среќава, гледа, слуша и знае - вклучувајќи го и неговото сопствено тело - и неговото запоставување на причината „зошто“ овие необични детали му се претставени нему.

Преку работење во научната област, целта на Чудото во Атомот е различна од онаа во конвенционалните научни книги. Оваа книга се занимава со „атомот, уникатен заради тоа што е градбената единка и на живите и на неживите објекти, со прашањата „што?, како? и на каков начин?, со тоа отворајќи ја вратата кон прашањето зошто? Веќе преку оваа врата ќе биде откриена величината на мудроста и знаењето на Алах и Неговата креација за да биде видена од сите:

Алах! Нема друг Бог освен Него! Жив и Постоен! Не го обземан ни дремка ни сон. Сè што е на небесата и на Земјата е – Негово! И кој може кај Него, без одобрение Негово, да се заземе!? Он го знае и она што е пред нив и она што е зад нив. И од знаењето Негово, само со посак Негов, оние мал дел опфаќаат. Престолот Негов поширок е и од небесата и од Земјата. Чувањето на овие не е никаква тешкотија за Него. (Сура ел-Бекара: 255)


   
    

 

1 / total 9
You can read Harun Yahya's book Чудото Во Атомот online, share it on social networks such as Facebook and Twitter, download it to your computer, use it in your homework and theses, and publish, copy or reproduce it on your own web sites or blogs without paying any copyright fee, so long as you acknowledge this site as the reference.
About this site | Постави насловна страна | Add to favorites | RSS Feed
Сите материјали објавени на овој сајт, под услов авторските права на овој сајт може да се копира и се репродуцираат бесплатно
(c) All publication rights of the personal photos of Mr. Adnan Oktar that are present in our website and in all other Harun Yahya works belong to Global Publication Ltd. Co. They cannot be used or published without prior consent even if used partially.
© 1994 Харун Јахја. www.harunyahya.com
page_top